Приказната за македонските Тигри!

Day 1,324, 14:36 Published in Poland North Macedonia by Pljakot
Ден 2131 после промените



Внукот: Дедо, вчера рече дека ќе ми раскажеш за Тигрите и Волците.

Пљакот: Да, знам внучко. Ајде, една кратка приказна и после да си одиме.

Каде застанав вчера? А, да..откако се решив да ги напуштам Тигрите, за да поминувам повеќе време со татко ти кој тогаш прооде, краток период работев како цивил. Сепак, нешто ме влечеше назад, прашање на време беше кога ќе се вратам на служба во Армијата. И така, еден ден, добив повик од генералот MagiMaster кој ме повика да се придружам на новоформираната единица Волци. Беше тоа елитната единица на нашата Армија и не смеев да кажам не. Така, по кратко време како цивил, се вратив во Армијата. Иако имаше можност да се придружам на некоја пара-воена единица, за мене постоеше само Армијата.
Така, одреден период бев во Волците. Тогаш, бевме пратени во Русија, да извлечеме некои турски војници кои паднале во заседа..Како што се доближувавме до местото каде што требаше да ги извлечеме војниците, наидовме на добро утврдени непријателски единици..во таа битка бев тешко ранет. Тука мислев дека е крајот. Мислев дека ќе ја напуштам играта, го раздолжив своето оружје и решив да се одморам.
Сепак, изненадувачки, закрепнав многу скоро. Желбата за враќање беше посилна од се. Тогаш имав голема дилема, дали да се вратам во Волци или во Тигри. На крајот ги одбрав Тигрите. Волците беа секако јаки и без мене, ѕверови, а и Тигрите ми беа како дома, таму поминав најмногу време и моја прва единица (освен краткото време што го поминав во Chaos Order по нејзиното основање).

Внукот: А дедо, ај кажи ми повеќе за Тигрите...

Пљакот: Немаме време сега, мораме да си одиме. Еве ти го овој весник од тоа време, дедо ти беше и новинар тогаш. Имав статија за Тигрите напишано.


Pravda MK / ден 1324 / број: незнам кој



Тигрите се втората единица која беше оформена од страна на Армијата на РМ. Оформена е на денот 1098. Почетоците беа многу тешки. Неколку дена после оформувањето излегоа проблемите на површина, неорганизираност, недисциплинираност, немање претпоставени итн...Единицата речиси се распадна, по што следуваа реформи и нејзино рестартирање. Тоа е периодот кога и јас се приклучив на единицата. Почнавме да функционирме под полна пареа, под команда на Радо. Единицата функционираше одлично одредено време, се до познатиот инцидент, кој резултираше со смена на Радо од местото командир на Тигрите. Неговото место го зазема тогашниот заменик, Hristijan Tasevski. После одреден период и тој ја напушти функцијата поради премногу обврски. Тогаш на негово место дојдов јас, а после мене Sreers со што доаѓаме до денешната структура, каде главни се Sreers и AceZuti.


Старото лого на Тигрите.

Имаат учествувано во безброј акции, секогаш дисциплинирани и посветени на еМакедонија. Во тие акции не секогаш работите одеа според планот, па така Тигрите дадоа многу жртви за својата земја.

Меѓу нив:

BakjorMK
Swad0k
Cicko Razme
the popce
ALEXANDPOY
Mario LinkinPark
vaskobombata





Па, кој се Тигрите? Колку се, каде се? За оваа единица се знае многу малку во јавноста. Познато е само дека главната база им се наоѓа некаде во Повардарието, додека моментално поголемиот дел од единицата е стационирана во Ломбардија, како дел од државниот план за преместување на главниот град на Апенините.

Тигрите не се од оние водечки единици во државата. Не се ниту елита, не се полските ГРОМ, не се АрМакедон, Панзери, ниту Волци. Тие прават, за некои, скромни 2 000 000-3 000 000 штета дневно. Сепак, тие се важен дел од македонската воена машинерија која ги прегази Грците и Италијанците. Што ја прави оваа единица различна од другите? Тоа е дефинитивно дисциплината и сложноста која владее во неа. Сте слушнале за некој Тигар да го обвинуваат дека брка БХ медал? Дали некој Тигар е обвинет за крадење на државни пари? Дали сте слушнале за некаква внатрешна расправија? Не. Затоа што ја нема.

Иако политиката не им е омилена област, од оваа единица редовно има по некој министер. Прво беше STEFANPIPO кој е и одличен новинар, а во моментов тоа е MKDHero.



Денеска во базата, при редовните обврски, најдовме и малку време да поразговараме за единицата и нашето членување во неа. На влезот од касарната ги најдов AceZuti и El Che G.

прашање за шефот..како си задоволен од дисциплината во единицата?
чекај, прво да пуштам една наредба.
ок.
па да ти кажам реално, според мене сме една од најдисциплираните единици и гледано во споредба со другите доста сум задоволен, но сепак знам да се развикам често на канал бидејки сметам дека може и подобро. Но ајде, лето е сега па опростено им е и по малку забушавање.

прашање за докторот..Како играч со најмногу сила во единицата, како се чуствувате во единицата, дали и во иднина останувате дел од Тигри?
да, да, да и евентуално, хахахаххаха. Од Тигри не мислам да си одам, ме викаа и во неколку паравоени единици, но сепак реков не.

Движејќи се низ касарната, налетав на Dragonce кој го чистеше своето оружје. Неговата пушка беше расклопена совршено.


Го прашав:

Ти си претставник на струмичкото крило во Тигри..зошто ги избра Тигри, наместо Струмичкиот клан-АрМакедон (АрАмии)?
Па затоа што немав доволно сила како прво, а и плус многу ги плукаат дека краделе.
хахахаххахаха.
задоволен во Тигри?
презадоволен. Тука бев добро прифатен и од командирите и од сите други. Супер е.
и сакам да имам копија од бројот на весников на биро сабајле
договорено.

Од далеку го здогледав колегата од факултет liveshit1903. Го прашав како е, а тој во негов стил ми одговори, се е супер, се ‘јачаме’!

Најубавиот одговор за тоа како е во единицата ми го даде Trajce Petkov: Во Тигри изгубив невиност, пред тоа бев цивил, а и многу многу не ме интересираше воениот модул на играва. Кога почнаа економските промени (со можноста секој се да произведува секаде), играта ми стана помалку досадна. Се откажа и бандата со која што се еРодив, па така едно време талкав сам низ досадниов еСвет. По некое време се закачив на чат преку форумот и решив да отидам во некоја од државните единици, дали лавови или тигри, сеедно. Прв се погоди Тигар, па го прашав каде може да се пријавам, ме упатија и прифатија многу брзо. Идејата ми беше да потрошам се што имам и да помогнам колку што можам на државичево.

Неизбежно, почнаа муабети, видов дека има доста добра дечки во единицата. Брзо се спријателивме и почнавме да се дружиме и во живо. Се на се, прилично весела багра на луѓе. Не ранат, не појат редовно, командантите ни се прилично посветени и не држат во кондиција, што е за почит. Ретко кој има живци и време да се посветува на играва и за тоа треба да им се даде признание

Им препорачувам на сите цивили да си најдат свое место во некоја од единиците, има голема разлика во колективната распаљотка.


Тигрите во патрола.

За жал, во кругот на касарната не го најдов командирот Sreers. Бил заминат на терен со еден од најмладите членови во единицата specanz.
На одење, се поздравив со AceZuti при што ми спомна дека во тек била регрутација.

Се што е потребно е да имате најмалку 2000 сила, да работите во фирма на Тигрите и да слушате наредби од претпоставените. Во апликацијата треба да доставите, извод од матична книга на родени, државјанство (не постаро од 6 месеци), уверение дека не сте кривично гонети или осудувани, уверение дека немате забрана за вршење службена должност и лекарско уверение за здравствена состојба од матичен лекар.

ПОПОЛНЕТЕ ГО ОВОЈ ФОРМУЛАР!

Тоа беше приказната за единицата Тигри. Повелете и придружете ни се, има место само за најсилните!