За Претседателот, за Владата, за АРМ, за паравоените...

Day 1,178, 01:49 Published in North Macedonia North Macedonia by Dr GloBil

Вчера по весниците и по коментарите се изначитав и што треба и што не треба (повеќе од обично). Тоа ме натера конечно и јас да се решам да отворам весник и вака убаво да се распишувам.

Во апликацијата на Strumjanin за советници (помошници) во Владата, како една од причините зошто треба да сум таму наведов дека: во секоја ситуација убаво ги анализирам работите и секогаш размислувам со ладна глава. И сега во оваа статија ќе пробам да го направам токму тоа, да се ставам во неутрална позиција и со информациите што ги имам на располагање да направам една непристрасна анализа на случувањата во изминативе денови. Непосредно ќе се обратам до многу од засегнатите страни со директен коментар на тоа што е направено добро и на тоа што е направено лошо (и ќе се ставам во позиција да ме плукаат од сите страни 🙂 ).Ќе започнам со оној којшто беше најактуелен, Slajder, а потоа ќе се надоврзам на останатите. И ВЕ МОЛАМ ако не сте прочитале се внимателно не коментирајте и ако коментирате нека биде тоа со вкус и конструктивно.

Slajder - одлично си ја завршуваше работата овие неколку месеци на чело на Лавовите, направи единица чија што организираност и посветеност беше (и остана) само сон на повеќето од паравојските. Но, имало нешто што се криело позади тоа, а што излезе на виделина дури сега, а тоа е дека лојалноста на твоите војници е насочена само кон тебе и кон никој друг (дури ни кон Државата – каде што треба да им лежи единствената лојалност). Тоа нормално придонесува во растење на твоето его, ја храни твојата ароганција и полека но сигурно те претвори од најдобриот командант на единица во еМакедонија (што го кажуваа истите тие што сега ги плукаш) до најголемиот предавник. Разбирам дека си бил лут и исфрустриран во моментот, ама да ги раздадеш државните резерви од храна и оружје?!?!?!? Тоа апсолутно НИКОГАШ нема и не треба да ти биде простено. Тие резерви се направени со работата на членовите на единицата за плата од 4 денари, но тие резерви се производ целиот народ затоа што: фирмите биле основани со парите од даноци, суровините биле купени со пари од даноци и платата била давана со пари од даноци. И на крај сите мои пари што биле на располагање на држава отишле во неповрат.....И за крај тоа што Strumjanin се повикал на својата функција...па нормално, ТОЈ е претседателот што НИЕ го избравме, ТОЈ е претседателот што си поставува НЕГОВИ луѓе од доверба на функциите и ТОЈ е претседателот чии што наредби ТИ како воено лице треба да ги почитуваш, а НАРОДОТ понатаму да ги одобри или да ги осудува!

COLD Dusan FUSION или попознат како rado - незнам ни што бараше на таа позиција. А најмногу ме интересира кој буткаше за да стигне до таму, затоа што подлизурко и слаткоречив не е сигурно. Тоа е човек којшто има 4-5 фирми во коишто (до пред неколку дена) најфраерски си имаше по 200-300 отворени работни места. Тоа е човек што при секоја можност што ќе му се пружи пцуе и навредува. Тоа е човек што веќе е дел од српска паравоена единица, и додека не се откаже од неа (на страна другите работи) не смееше ни под разно да му се дозволи да води единица во склоп на АРМ. И за крај тоа е човек што едвај чекаше да и на наштети на државата и свесно и ладнокрвно да ги продаде државните резерви кои него му беа на располагање иако за тоа немаше ни стотинка од причините кои ги имаше Slajder. Треба ли уште да се пишува ?! .....

Strumjanin – иако има многу противење од страна на постарите (и помладите) играчи упорно пробуваш да го протуркаш припојувањето на паравојските кон АРМ. И јас сум еден од тие кои гласаа за тебе, ама тоа беше само затоа што те сметам за разумен човек што знае да слуша совети. Затоа ќе ти дадам еден совет: НЕМОЈ да го спреведеш тој план затоа што тоа ќе предизвика уште поголем раздор во врвот и помеѓу единиците. Ова вчера беше страшно лоша ситуација, но јас успев да видам и добра страна. Сега имаме отворен прозорец и можеме да почнеме да ја организираме АРМ од нула како што треба. Мое мислење за можна организација, кое што ќе биде синтеза на многу прочитани идеи по статииве, ќе имам во следната статија, а ако сакаш да го дискутираме однапред пиши ми слободно.

Demigod_mk – секоја чест за заменикот министер за одбрана. Во време кога секој со секого се плука и препукува остана на страна и беше доволно дрзок да напише статија со предлог план за реорганизација на АРМ.

Лавови – навистина не ми е јасно дали до толку не размислувате со своја глава или само слепо се обидувате да си го вратите командантот. Бидете реални, државните резерви НЕ смееја да се поклонат така. Па тие сепак се плод на ваша пот, зошто наместо да бидат во раце на најорганизираната единица тие да бидат во раце на камикази и џаболебари?!?! Сега е моментот кога треба да ја покажете вашата вистинска сила и вашето искуство да го преточите во дејствие. Свесни ли сте дека доколку се формираат нови единици во АРМ вие треба да бидете движечката сила , и дека ако бидете малку поконструктивно расположени можно е (а според мене и треба) новите командати на единици да бидат избрани толку од вашите редови?! Сите го почитувавме Slajder како командант на Лавовите, ама тој направи една катастрофална и непростлива грешка, што фрли една голема темна дамка на целата негова работа и залагање. Затоа освестете се и продолжете да работите напорно како и до сега. ВИЕ треба да бидете ‘рбетот на новата АРМ!

Тигри – зошто па вие толку го браните rado. Или пак можеби ви е само интересно да се препукувате со другите единици. Да не се лажеме, сепак тигрите постеоеја само неколку дена, неможе да сте толку приврзани кон него.

Паравојски – незнам зошто е толку тешко да се сфати разликата помеѓу државна војска и паравојска?! Многу е просто...доколку сакате да се припоите кон државната војска ќе МОРА да се откажете од автономноста. Кога сте под државна капа друг ви ја крои судбината. Нема тука меѓу решенија и компензации, работите се едноставно такви и се што е различно од тоа само непотребно ќе ја комплицира работата. Доколку неможете да го прифатите тоа тогаш останете си паравојска!

И за крај на овој ѕид од текст само ќе ја начнам темата од следната статија. Голем поддржувач сум на идејата за армија поделена на единици на база на силата (не ми текнува чија беше оригинално). Тоа е единствен начин секој да си добива тоа што си заслужил и да нема нови препукувања за тоа кој колку и зошто добил. Тие луѓе што се веќе дел од некои единици и што добро функционираат заедно, пак ќе се поклопат во некои од новите единици, а само гратис ќе биде тоа што ќе има има и други луѓе и можност за нова соработка и дружба.
Па зар не е тоа крајна цел на играва, да се дружиме?! Бидете искрени и кажете кој не се зарази со играва од една единствена причина, дружење со преку 3000 активни играчи од Македонија?! Кој од вас пред да почне да игра можел да отиде во секое најзатурено ќоше од државава и таму да има познаник со кој ќе може да седне на кафе?! Никој нели...? Оставете ги РЖ фрустрациите на страна, дружете се секој со секого, не се натпреварувајте непотребно и верувајте дека работите сами од себе ќе почнат да се подобруваат...

Искрено Ваш,
Davor Pehcevski

p.s. и дајте по некој глас и претплата за трудов 🙂