[ S T R ] ПЛАН ЗА ОБЕДИНУВАЊЕ НА еМАКЕДОНСКИТЕ ВООРУЖЕНИ СИЛИ

Day 1,166, 07:08 Published in North Macedonia North Macedonia by Strumjanin



Почитувани еМакедонци,



Би сакал да Ви го претставам планот за Обединување на еМакедонските вооружени сили. Со овој план е замислено да дојде до окрупнување на АРМ и официјален влез на неколку досегашни паравоени единици во нејзиниот состав, како регуларна армија на еМакедонија.


Не станува збор само за идеја или предлог. Сакам да нагласам дека последниве три дена интензивно бев во контакт со АРМ и со најголемите паравоени единици кај нас. Од сите главни учесници добив начелна согласност за предложеното, и токму затоа, откако ја добив нивната првична согласност – го објавувам планот.


Откако помина првата фаза на интерни комуникации, ја отворам втората фаза на јавна дебата. Во оваа фаза, треба да ги прецизираме деталите од Планот и со тоа да ги задоволиме интересите на сите инволвирани страни колку што е можно повеќе. Третата фаза е всушност самата имплементација и ставање во сила на Планот, што би требало да се случи на 6ти Февруари.



Дозволете накратко да ви го обраложам Планот :


АРМ ќе се состои од пет бригади. На чело на секоја бригада ќе стои бригадирен Генерал. Петте генерали, Министерот за Одбрана и Претседателот на еМКД ќе го сочинуваат Генералштабот на АРМ. Истиот ќе ги носи сите крупни одлуки за воени активности со гласање со просто мнозинство. Така, гласот аа секој бригадирен Генерал ќе биде почитуван и де факто еднаков на гласот на Претседателот.


Секоја бригада ќе биде засебна автономна единица. Никој нема право да се меша во внатрешната структура на бригадата и начинот на работа. За возврат, секоја бригада ќе доставува до Претседателот неделен извештај, за кој Претседателот може да дава препораки и сугестии.


Првата бригада на АРМ ја преставуваат Лавовите. Тие се со изградена инфраструктура и поставен систем за оперативни процедури. Бидејќи станува збор за матична единица на АРМ, бригадирниот Генерал ќе биде назначуван од Претседателот.


Втората бригада на АРМ ќе ја преставуваат Тигрите. Тие се со фаза на регрутација, но со изградена инфраструктура во однос на фирми. Бидејќи станува збор за матична единица на АРМ, бригадирниот Генерал ќе биде назначуван од Претседателот.


Трета бригада Silver Shields. Оваа досегашна паравоена единица ќе се приклучи на АРМ зачувувајќи висок степен на автономност. Имаат сопствена инфраструктура на фирми која ја носат со себе. По принцип на внатрешно одлучување ќе се одбира бригадирниот Генерал кој само ќе биде потврден официјално од Претседателот. Бригадата ќе изврши дополнителна регрутација со цел да се унифицира според стандардите на АРМ.


Четврта бригада АрМакедон. Оваа досегашна паравоена единица ќе се приклучи на АРМ зачувувајќи висок степен на автономност. Имаат сопствена инфраструктура на фирми која ја носат со себе. По принцип на внатрешно одлучување ќе се одбира бригадирниот Генерал кој само ќе биде потврден официјално од Претседателот. Бригадата ќе изврши дополнителна регрутација со цел да се унифицира со стандардите на АРМ.


Петта бридага Macedonian Templar Order. Оваа досегашна паравоена единица ќе се приклучи на АРМ зачувувајќи висок степен на автономност. Имаат сопствена инфраструктура на фирми која ја носат со себе. По принцип на внатрешно одлучување ќе се одбира бригадирниот Генерал кој само ќе биде потврден официјално од Претседателот. Бригадата ќе изврши дополнителна регрутација со цел да се унифицира со стандардите на АРМ.


EDIT : В А Ж Н О - Планот ќе биде изменет кога ќе бидат земени во предвид и ставовите на Illuminati и Chaos Order !!!



СТАНДАРДИЗАЦИЈА НА БРИГАДИТЕ


Сите бригади ќе бидат обединети под заедничка команда на Генералштабот и Претседателот на АРМ.

Припадниците на бригадите ќе носат аватари со :

1) јасни стандардни обележја на АРМ и

2) бригадирен аватар кој ќе ја означува припадноста на бригадата. Така ќе се постигне и унификација, но и зачувување на засебниот идентитет

Бројот на членовите на секоја бригада и бројот/типот на фирмите ќе се стандардизира. Државата ќе го одреди тој стандард и ќе инвестира во инфраструктурата на секоја бригада.


Односот кон бригадите ќе се гради по принципот : Фер, но различен пристап. Тоа значи дека ќе се одредат параметри и критериуми (средна сила, ранк, демиџ...) според кој ќе се дели воениот буџет. Овие детали уште не се прецизирани и ќе бидат одредени во соработка со сите инволвирани страни. Така ќе се обезбеди правичен однос кон секоја бригада.


Ќе се востанови Устав на АРМ.


Сите останати паравоени единици ги повикувам да ме контактираат за да почнеме да разговараме.






Основна идеја на Планот е да се постават темелите на силна еМакедонска Армија. Ќе се инвестира во секој војник со цел секој војник побрзо да напредува. Само на тој начин еМакедонија може да го обезбеди своето место во еСветот.


Напоменувам дека ова не се финалните црти на Планот. Го охрабрувам секого кој има конструктивни идеи да ме контактира преку порака. Интензивните разговори со инволвираните страни ќе продолжам и Планот очекувам да биде готов до 5ти Февруари.


Верувам дека ова е значаен момент за еМакедонија и доколку го поддржувате Планот – Ве молам за глас и извик (шаут) .



Поздрав од Струмјанин.