Коментар

Day 1,323, 13:54 Published in North Macedonia North Macedonia by losotilak

Здраво Македонски Народе
Како што стои и во самиот наслов, ова требаше да биде само еден "испровоциран" коментар на последните преврирања во еСрбија на релација еСрбија - егРчка. Но воочив едно нешто а тоа е дека можеби во не толку далечна иднина треба да се анализира и ситуација во која би дошло до сојуз помеѓу овие две еДржави. Јас немам ништо против да се залепат еСрбија со егРција, тие сами нека си решаваат за своите судбини, што ќе дробат тоа и ќе сркаат. Како што стојат работиве балкански, во минатото ние Македонците и не сме имале вистински пријатели. Едноставно сме биле кусур помеѓу нашите "Православните Браќа " Срби, Бугари и гРци. Но овде во играва работите стојат малку повеќе поинаку. За жал, ќе повторам, за жал единствена држава од која никогаш не сум примил навреда е Турција, ( верувам имаат свои интереси и Тие ). Така да она што сакам да го издвојам и силно потенцирам е Вербата во Македонштината и во Единството кое успеавме да го изградиме во играва.Ако успееме не да го задржиме ами да го зголемиме нашето единство слободно ќе пишам, пет пари не давам што тие утре ќе направат. Нашата моќ доаѓа од нас самите, од сите Вас кои ги вцрвувате очите пред мониторите, од грижата за своите сојузници ( и од по некоја пара 😉 ). Затоа да останеме доследни на сопствените принципи, да си ја бркаме нашата работа, да продолжиме да живееме во еден заеднички еДух за доброто на еМАКЕДОНИЈА. Помагајте се меѓу себе,не се штедите да правите добро, кога тогаш доброто враќа со добро.
Да сте ми живи и здрави!