[МРДЉС] ПРЕТСЕДАТЕЛСКО ОБРАЌАЊЕ

Day 1,304, 03:54 Published in North Macedonia North Macedonia by Boban Mitrovski
Уште на почеток да се разбереме:

Политиката во реалниот живот и политиката во еРепублик се два различни поими и во никој случај не треба да се поистоветуваат бидејќи и така немаат никакви допирни точки.

Ајде сега збор два за МРДЉС.

Како прво многу од вас ќе се запрашаат што значи кратенкава !?!

МРДЉС – Мафија Ради Док Људи Спавају

МРДЉС е партија која што е формирана од страна на единицата CHAOS ORDER и како и се друго во играта, CHAOS ORDER и овој модул го третира пред се како дел од забавата.

Имавме и коментари за името во смисол: -Абе, оваа партија е на заедницата на Србите во Македонија? 😃

НЕ, во оваа партија членуваат момци и девојки од многу држави и од најразлични единици и цивили. Сите се добредојдени.

Мотото на партијата е: -Отворена врата за СИТЕ !!

Многу од вас сигурно се запрашале, зошто се едни исти луѓе се кандидираат на исти позиции во нашава е-заедница. Не ми е јасно, како е можно од илјадници луѓе во играва само 20-30 души да се ротираат на одредени позиции во последниве 8 месеци.

МРДЉС нема да се занимава со плукање и со разно-разни други гимнастички спортови. Нема ни да ветува брда и долини, патишта и патување до Марс, но сигурно ќе се потруди да им даде шанса на некои нови играчи кои ја сакаат и уживаат во играта.

CHAOS ORDER од секогаш бил отворен за сите каде дружбата на членовите е пред се друго. Скоро секоја недела друштвото се собира дали за кафе, футбал, пијачка, а бога ми и кафана. 🙂

Најдобрата работа од целава игра е тоа што запознав фантастични и пријатни луѓе.

Истата политика се пренесува и тука во МРДЉС.

Обично сме навикнати да слушаме: - Гласај за МЕНЕ, за МЕНЕ…ќе ти дадам тенк, храна, вила на Водно и “карту до Америке”.

Епа друштво, тоа кај нас го нема меѓутоа сакам да им посакам добредојде на сите добронамерници.

Ако веќе планирате да бидете дел од некоја е-политичка партија, не гледам причина зошто тоа да не биде МРДЉС.



Линк од партијата: МРДЉС




Да сте ми живи и здрави сите!!