Капиталистичка Република?!

Day 1,280, 10:38 Published in North Macedonia North Macedonia by Livinglegend1100

Ова е превод од статијата на UK's finest

Во последно време многу се зборува за „желбата за злато“ во играва. Јас ја следев светската кампања за ова да им го привлече вниманието на админите. Ова е малку долга статијa, па секоја чест на оној што ќе ја прочита.



Кој дозволи златото да падне?


Желбата за злато

Играчи

Играчите сакаат да купуваат злато. Во моментов има огромна желба за ова. Треба само да погледнете во монетарниот маркет за да видите дека треба да платите повеќе локална валута за да добиете злато, отколку злато за локална валута. Ова се случува затоа што има многу повеќе локални валути отколку злато.

Зошто ова се случува? Па, ќе ви објаснам подоцна..

Администратори

Создавачите на играва дизајнираа систем кој овозможува да се одзема злато од играва преку купување на предности ( купување злато). Админите во последно време многу ги нагласуваат овие опции кои ви „помагаат“ да го трошите златото на неповратен начин( златото излегува од кругот пари/ерепублик). Сепак, со луѓе кои удираат до бескрај( и многу други исто така), или тренирање со злато, резервите на злато пресушуваат.



Локалната валута порано се купуваше со злато, а со злато локална валута, но во последно време рамнотежата помеѓу побарувачката на злато и локална валута е нарушена.

Каков е ефектот од недостаток на злато?

Накратко, тоа значи дека вредноста на локалната валута опаѓа. Златото е „ресурс“ кој обезбедува вредност на валутата, па кога ќе снема злато, ќе падне и вредноста на валутите.

Што го предизвикува ова?

Па, рамнотежата на вредноста беше нарушена од удрањето до бескрај(од страна на тенковите) и тренирањето (парите излегуваат надвор) без да се внесе злато во играва. Значи, постојат две причини :

1. Премногу потрошено злато
2. Недоволно злато создадено

Што може да се направи за да се подобри ситуацијата?

Ќе го поделам ова на два дела, внесување и изнесување (на злато).

Внесување

Поканување пријатели во играва ( малку тешка ситуација затоа што, кој би сакал да се зачлени во игра која не е добра? добро, до некој степен да, но ако луѓето помогнале да се направат „бебиња“ тогаш во играта се внесува злато повеќе од потребното).

- Работи 30 дена по ред

- Добиј Медиа Могул медал

- Купи злато за Евра

- Качување на ниво со удирање многу пати во денот, отколку со оружја(

- Што друго не спомнав што создава злато



Ако работиме заедно можеме да го поправиме ова!


Изнесување

Ова може да се направи полесно и побрзо од внесувањето.

- Со ставање на продажба некоја неискористена или непрофитабилна компанија по прифатлива цена, може да се помогне да се спречи луѓето да создаваат нови компании, а со тоа и да се влоши ситуацијата.

- Избегнувај да создаваш компанија, купи некоја од маркетот.

- Пробај да не тренираш со злато кога не е потребно, како што кажав погоре : покани пријатели. Јас имам, па тоа ми дава бонус во тренирањето, па така не морам да плаќам злато за сила..

- Не создавај воени единици - придружи се во некоја!

- Превземи некористена партија, или придружи се на некоја веќе постоечка, отколку да создаваш нова партија.

- Биди сигурен дека не донираш злато на партиите - тие не можат да користат злато!

- НЕ „ТЕНКАЈ“ - наместо тоа, замени го тоа злато во локална валута, купи оружје и храна и подари им ги на младите играчи. Ова ќе ги задржи младите играчи во играва, ќе ја поддржи економијата, и ќе ја накачи штетата во војните.

Админите и тоа што тие можат да направат

Свесен сум администраторите преземаат чекори за потенцијално ограничување на падот на валута со потези како што се:

- МПП се плаќа со валута
- Некои компании се купуваат со валута
- Магацините се достапни и во двете, злато и локална валута
- Земјиштето се плаќа во валута ( не сум сигурен дали овие пари се за владата)

Се извинувам ако сум пропуштил нешто.

Инаку, мислам дека има уште некои чекори кои админите треба да ги превземат, како што се:

- Ограничување на бројот на "wellness packs" достапни дневно
- Да може да се тренира во валути, наместо злато
- Да може да се продава компанијата за помалку од 90% од оригиналната цена
- Да може да се распушти компанијата по цената за создавање
- Да се дава 5 злато кога се качува ниво, а не 1 злато

Да заклучиме

Има начини на кои и играчите и админите можат да помогнат да се подобри играва. Оваа игра е и за општеството и за профитабилноста на сопствениците на играта.


Ако ви се допадна статијава, можете да ја изгласате и да се претплатите. И секако шаут, за да може да ја видат што повеќе луѓе.. 🙂