Напад на Егејските Острови

Day 1,277, 18:26 Published in North Macedonia North Macedonia by erep na qrac

Утре, по заслуженото денешно славење на историската победа, еМакедонија повторно ќе се најде во воена состојба 🙂 Ние ја имаме иницијативата контра нашиот ПН еГрција.. Прашањето каде ќе нападнеме, за мене, е безмалку апсолвирано. Тоа е регионот на Егејските Острови.



Во претходната статија “Солун и по Солун“ тргнав од причината за отсекување на ресурсите кои еГрција ги ползува од освоените Афро-Арапски региони, но дефинитивната причина ја понуди TheTrooper6 која тогаш не ја согледав. Со освојување на регионот Егејски Острови ги отсекуваме не само бонусите од освоените региони, туку безмалку сите нивни бонуси. Причината е што гланиот град на еГрција се наоѓа во Тракија.



еМакедонија веќе утре ќе биде исправена пред голема шанса за нанесување огромна штета на грчката економија која ќе прогресира со времетрањето на окупацијата на само еден грчки регион - Егејските Острови. Беломорска Македонија одамна ја сметаме за сопствена 🙂

Околу тајмингот за напад не би коментирал, сигурно ќе биде одбран за постигнување најголема ефективност и искористување на сопствените сили и услогласен со сојузниците. Поаѓајќи од сопствената крвна слика, она што ќе биде проблем е здравствената состојба на населението по вчерашната епска битка. Јас утре ќе се разбудам со 23 здравје, впрочем слично како и најголемиот број еМакедонци. Економски помалку издашните ќе ги немаат вчерашните тенкови, на некој салдото со златниците му се осипало, некои ќе ја немаат мотивацијата за борба до последната капка здравје. Поентата е дека утре нашето еНаселение ќе стартува со 1/4 до 1/3 помалку способност за нанесување штета. Иако оваа состојба најверојатно ја споделува и противничката страна заради бројноста на популацијата ефектите од истата на македонска страна ќе бидат поизразени. Утре ќе биде вистинскиот моментот за акциите со поделба на лепчиња на здравствено загрозените.

пс. До денес немав поим дека Hoban Washburne има весник. И тоа весник со само 518 претплати во моментов. Стварно нема смисла. Упатувам повик за претплата на неговиот весник, ионака нема статии, така да навистина нема зијан од претплата.

Субни го Hoban!!!