Солун и по Солун

Day 1,276, 07:51 Published in North Macedonia North Macedonia by erep na qrac

Како што Вардар тече природно кон југ, така ќе се слее буица еМакедонци на југ ко пороен дожд по долга суша. На тој пат има вештачки творби и брани кои се наменети да ја сопрат и скротат оваа река на своето природно течение и пат до Белото Море.



Освен болниците и одбранбените системи, особено тешки за добивање ќе бидат четртата, шестата и осмата мини битка, веројатно здушно ќе не попречува и EDEN сојузот заедно со Ромпер. Губеѓето на иницијативата веќе е проблем за еГрција, но со освојување на Беломорска Македонија тоа ќе прерасне во мини стратегиско фијаско на блокот EDEN.

По мое скромно мислење, тајмингот за почеток на нападот веројатно се ускладува со истекот на крајниот рок за италијански напад на Јонските Острови (мислам некаде околу 21:00, поправете ме ако грешам). Изворно, италијанската штета нема да биде голема, 2-3 милиони предизвикана од BH и понекој залутан цивил, но ако имаме план и асли тенкисти на располагање да бијат од таа страна, којзнае, можеби еИталија ќе се прошири со Јонските Острови, што ќе биде тотално фијаско за еГрција. Ако во меѓувреме се договорило востание во еЕгипет, или еСаудиска Арабија, уште поарно, затоа што ова ќе биде одлична прилика тие да завршат успешно.



По Солун, со наша победа, залетот треба да продолжи на југ, преку Егејските Острови кон Александрија, или регионот на Долен Египет, со што би отсекле 4 ресурси на еГрција.