Ташак економија

Day 1,270, 07:10 Published in North Macedonia North Macedonia by pesticid

Не сум сигурен зошто се случија овие промени деновиве во ерепулик,претпоставувам, делумно за да се стабилизираат цените но тоа не се случи. Лаик сум по економија, но она што го гледам моментално, не е многу поразлично од предходната состојба. Зошто? Ако претходно имавме понуда на екстремно високи плати, од кои помладите играчи губеа затоа што не можеа да си најдат работник кои ќе работи за пристојна плата, сега состојбата е отидена во сосема друга крајност, имено, цените на суровините за производство на храна и оружје толку паднаа што веќе е невозможно да се држат работници по фабриките. Она што се случува е масовно отпуштање. Денес дури трипати аплицирав и ме отпуштија во рок од 15 минути. Веројатноста дека и по четврти пат ќе бидам отпуштен е само прашање на време (додека газдата на фирмата да се логира).
Сепак не сите промени се лоши, ми се допаѓа на пример бенефитот што го добиваме од освоените реони, но тоа не е доволно. Админите морат да најдат една средина и да ја стабилизираат економијата како и да престанат да не фрлаат од крајност во крајност оти вкавата ташак економија станува заморна.