~ Интервју со Нинџата! ~

Day 1,266, 06:09 Published in North Macedonia North Macedonia by MontreyMkD



(Пушти тивка музика додека го читаш следното, ќе има подобар ефект.)

Репортерка: Денес имаме посебен гостин. Неговиот живот, хоби и дејност ќе ви го одземат здивот. Повелете претставете се, владетелу.

Нинџа: Јас сум Влатко Ѓорѓиевски и горд сум да кажам дека сум Нинџа.
"Нинџите се посебни." Кажа еднаш една мудра нинџа. А сега, неколку зборови за мене. Почни со прашањата.

Р: Господине Ѓорѓиевски, најдобар сте, а воедно премногу паметен!
Ви завидувам! Нажалост, пратени сме да ве интервјуираме на темата нинџи, така да со тешко срце, ќе се префрлам на неа... Кажете ни нешто повеќе за вашиот начин на борба.

Н: Борба?! Тоа е за луѓе! Ние не се бориме.. Ние победуваме!

Р: Импресивно.. Вашата омилена храна, господару?

Н: Месо! Преферирам деца.. Вашите деца!

Р: Хахахаха! (вештачко, за да ми се допадне) Навистина сте посебни. Но, да не бегаме од темата, да преминеме на главното.. Дали би кажале нешто повеќе за вашиот приватен живот, да споделите некои ваши тајни со нас?

Н: Нема ништо поубаво од тоа да си нинџа, зошто? Не гледаме телевизија и
ја мразиме Лила Филиповска. Те мразам и тебе. Не обидувај се да ми се допаднеш, ќе направиш полошо. Морам да напоменам, мојот живот е поим за едноставност. Причина е моето хоби, кое е да сум невидлив. Ти, смртнику што го читаш ова интервју, подобро да веруваш - Можам да живеам и да се хранам во твојот дом со месеци без да ме видиш, ниту приметиш. Не веруваш? Само погледни позади себе.. Се увери? Патем, пола од вицовите за Чак Норис, оригинално постоа како вистините за Нинџата. Но, преферирав да останам таен, па дозволив зборот НИНЏА да се замени со името на Нориса Чак, без да преувеличува. Имаше само една вистина која не се претвори во виц, бидејќи никој не успеа да ја направи смешна*, а таа е: "Нинџите не губат!". Да имаше господ, самиот ќе ви потврдеше дека е Нинџа. И уште нешто.. Ние не носиме хавајки!

Р: Влатко, ти си совршен! А, кажи ми.. Дали си во врска?

Н: Не.

Р: Дали си вљубен?

Н: Не.

Р: Дали имаш симпатија?

Н: Не.

Р: Дали си бил вљубен?

Н: Не.

Р: Со која личност би сакал да се заглавиш во лифт?

Н: Да умреш.

Р: Хахахаха! Неможам да поверувам колку си интелегентен, духовит и прекрасен.. За жал, времето ни е кратко. Дали би сакал да изјавиш нешто за крај?

Н: Да. Ти не си Нинџа и неможеш да бидеш.

Р: Благодарам на времето. Дали може сега да се поклонам пред вас, ваше височество?

Н: Да, гола!

* Вицовите за Чак Норис не се смешни. *


* Бидете насмеани и среќни. *
* Останете ми со 100 здравје. *