Хаос Во Бизнис Економијата

Day 1,266, 17:21 Published in North Macedonia North Macedonia by bloodrazor1

Здраво еМакдонијо!
Ова ми е мене прв весник кој го пишувам, ќе се потрудам да биде добро напишано и да биде без грешки доколку не е напишано добро и имам некој грешки ке ве замолам да ме извинете.
Па вака... кај нас во бизнис економијата се дешава голем хаос и морав да го напишам ова. Имам отворен фирма со кој што јас работам со загуба, доколку овој хаос продолжи вака со големи плати, а ниски продажни цени на производите јас ке морам еден по еден да ги отпуштам работниците и на крај да работам сам за да имам некоја пресметка во фирмата за да не работам со загуба.



Еве јас имам 6 еРаботници кој работат со 95+ здравје со кој од нив заработувам 262 денари, а за да ги исплатам ми требаат 302 денари, овде јас имам 40 денари загуба, значи вака ова неможе да продолжи верувам дека ова не се случува само кај мене туку и кај повеќето еРаботодавци со оваа загуба неможе да се работи и доколку би сакал да ја продадам фирмата, не би сакал некој да ја купи зошто и тој би требало да работи со загуба и зошто би го направил тој тоа. Јас ја отворив фирмата за да работам како што треба да бидам и јас задоволен и работниците да бидат задоволни, со ваквата бизнис економија неможе, ќе треба ние сопствениците на фирмите сами да работиме. Затоа барам владата да најде некое решение за да се подобрат работите.
Се надевам дека сите ќе ме подржите на оваа тема за да се реши овој проблем со еРаботодавците.
И уште едншка се извинувам доколку не е напишано добро и има некоја грешка 
Поздрав до сите еМакденоци и останете ми со 100 здравје за подбра еМакедонија!