~ Како за почеток на мојов весник, ајде малку вицови.. ~

Day 1,265, 20:30 Published in North Macedonia North Macedonia by MontreyMkD




Драги родители,
Како очекувате децата да ве слушаат кога:
- Тарзан живее полугол.
- Пепелашка се враќа дома на полноќ.
- Пинокио лаже секогаш.
- Аладин е крал на крадците.
- Бетмен лета 320 km/h.
- Заспаната убавица е мрзлива.
- Снежана спие со 7 момчиња.
Искрено,
Децата од целиот свет.



Се возел Трпе во воз, а спроти него седи еден дечко. Во еден момент дечкото го прашува колку е часот. Трпе го извадил саатот од џебот, погледнал во него и го вратил назад. После некое време дечкото го прашува:
- Извинете, зошто не сакате да ми кажете колку е часот?
- Затоа што ако ти кажам, ти мене ќе ми кажеш фала. Јас ќе ти кажам нема на што. После тоа ќе ме прашаш каде патувам. Јас ќе ти кажам дека одам во родниот град. Ти ќе ме прашаш кој ме чека таму, а јас ќе ти кажам дека имам жена и ќерка. Потоа ќе ме прашаш колку години има ќерка ми, а јас ќе ти одговорам дека има 20. Ќе ме прашаш дали е убава, а јас ќе ти одговорам потврдно. Таква убавица ретко каде можеш да видиш. После ќе сакаш да дојдеш со мене за да ја запознаеш, а јас ќе те одведам во мојот дом. Кога ќе ја видиш веднаш ќе ја запросиш, а ја ќе морам одма да те отерам у пичку материну зашто што ќе ми е зет бе што нема ни саат?! Ете затоа!


Врти малиот Трпе на татко си на мобилен и му вели:
- Тато бргу доаѓај дома ни изгоре куќата!
По неколку минути Трпе пристигнува дома и прашува како се случило тоа?!
- Абе тато јас запалив парче хартија и почнав да го гасам но тоа се повеќе се разгоруваше.
- Е како го гасеше ти бе?!
- Па со бензин бе тато…



Пратиле две кучиња и плавуша во вселената.
Им се јавуваат од Земјата и им кажуваат:
- Шарко!?
- Ав, ав!
- Притисни го црвеното копче!
И Шарко го притиснал копчето.
После некое време пак се јавиле од Земјата:
- Мурџо!?
- Ав, ав!
- Притисни го жолтото копче!
И Мурџо го притиснал жолтото копче.
Поминало уште некое време и од Замјата пак се јавиле:
- Плавушата!?
- Ав, ав!
- Не лај многу, нахрани ги кучињата и ништо не пипкај.


~ Толку од вицовиве во 5:27 насабајле.
~ Инаку ова е моја прва статија, ќе има и повеќе и поинтересни..
~ Фала за читањето, ве молам воте, претлата и шаут..

~ Оставете линк од вашиот весник во коментар, да се претплатам.

~ Поздрав и останете ми со 100 здравје. 🙂