Д ФАЈР ЧИКЕЕЕЕЕЕН!!!

Day 1,255, 11:10 Published in North Macedonia North Macedonia by extreme999

Уште едно ексклузивно(ама ова е најексклузивно до сега(дека е пишувано од мене 😃)) интервју со едниот и единствен фајр чикен-PhoenixMK.



Јас-Јас
Тој-Тој

Мислам дека може да почнеме 😃

1.Зошто никот ти е Феникс?

Феникс бидејки го обожавам ова митско суштество и означува мое "воскреснување" од еСмртта односно враќање назад во играва а додавката МК ја означува преродбата на Македонија после векови окупација и крвопролевање на нејзина територија кога минатиот век ја доби својата независност односно ние македонците го добивме тоа што мечтаевме - Слободна и независна Македонија баш слично како Фениксот. Македонски Феникс a.k.a фајр чикен 😛
Неколкумина странски играчи (особено од про-ЕДЕН настроените) ми пишуваа да си го сменам никот бидејки Феникс сојузот веќе не постои но сојузот нема врска со ова, не ни знаев дека постои кога повторно ја заиграв eRepublik.



2.Дали сакаш да се откажеш од играва?

Еднаш се откажав од играва поради незаинтересиреност и разочараност (постарите играчи кои ме помнат знаат зошто напуштив) но сега воопшто не размислувам на таа тема. Ќе мора да ме трпите 😃
Сега ја има Македонија на мапата, тоа ме држи овде како и дружењето.


3.Во хидроцентрала со височина од 50м на турбината паѓа 2 метри кубни вода во секунда.Колкава е моќноста на турбината ако се искористува пола енергија на водата?(Барам цела постапка за решавање на задачата)

3. Еве ќе ја искористам браната Матка за да експериментирам. Имаме 50 метри височина така? Сега, најпрво ја мерам брзината на ветерот, моментално е стабилно значи минимално ќе ја променам рутата додека паѓам надолу во водата. Следува мерењето на км во секунда падеж и длабочината на коритото. Ако водата е плитка а паѓа водопад со моќност од 2 метри кубни во секунда тогаш кога ќе го допрам дното на браната тој воден падеж ќе го смачка моето тело на дното и не ќе можам да избегам. Шанси за преживување нема. Алтернативно, ќе се случи ефект на центрифуга и ќе ми се исперат алиштата. Доколку пак не постои тој воден падеж, шансите за преживување се еднакви на 0. Ако коритото е длабоко, шансите за преживување се еднакви или нееднакви на позитивна нула.

Сумирано, равенката изгледа вака

50 метра + Брзина на воздух + брзина на паѓање / делено со длабочината на водата х 2м (на квадрат) = минус (-) бесконечност или позитивна или негативна нула (0) СМРТ!




4.5xx+3xy+2yy=?

Чек сеа како беше формулата? Х беше позната, Y беше непозната... X e машки израз, Y е женски израз. Имаме 5ка и два икса значи бараме бројки во машки род...... Ех...од кај ги најде полиномиве, немам три чисти за нив ако сакаш да ти решам мономи нема проблем. А што беа мономи???



5.А сега?(надоврзи се со второто прашање)

А ти сакаш да се откажам?? ЕПА НЕМА БАТО (или братче незнам колкав си), ЌЕ МЕ ТРПИШ и ти и eМакедонија xD! Ќе те тужам да знајш што имаш црни мисли кон мене и за намера да ме смотиш и да се откажам од играва. Се гледаме на суд!

6.Може 2 љ5 карти?

2 љ5 карти? Ех чедо, јас не сум отишол подалеку од Скопјево ти ќе ми шеташ низ Европа без мене да ме земиш? Пуста сиромаштија човек не може леб, млеко и јајца односно ситна роба да си купи па и такси превоз да си плати ти авионски карти ми бараш. Не сум скржаФ, едноставно нели... немам! И да имам не ти давам. ТУЖИ МЕ!


И што заклучивме за PhoenixMK од интервјуто? 😃

Идолот на Д ФАРЈ ЧИКЕЕЕЕЕН е ДЗМ-според заедничката желба да тужат.
Нема појма од математика.
Шворц е.Нема пари за карта до јужна америка и назад.

Се надевам дека ги живеевте 5-те најдосадни минути од вашиот живот и дека од дното на душата се каете што го прочитавте интервјуто.
Но ај еден суб,нели за Македонија! 😃



За неколку денови очекувајте интервју со Hoban Washbourne!