ПРОПАДНАТА СТРАТЕГИЈА

Day 1,249, 14:14 Published in North Macedonia Serbia by TheOldMan67

Demigod_mk напиша убава статија со која се согласувам во целост (и денес и пред неколку недели кога Италијанската чизма здраво ја згазивме). Во тоа време и сам пишував дека стратегиски игри не се за деца и се залагав главниот град да го преселиме на Апенините.
Претходните две - три статии ги избришав, бидејќи имаше една реченица во која ги нападнав еСрбите, па почнав да губам претплатници. И сега сум на истиот став: нашите сојузници не помагаат доволно, а ние како некои послушни кученца се обидуваме да помогнеме секаде каде што можеме (лично се чувствувам како сираче во ONE).

Кои беа придобивките од преселбата:

1. Повеќе обединети ресурси.
2. Можност за освојување на нови територии во Западна Европа кои ги држат релативно послаби противници.
3. Развивање и јакнење на еМакедонците во мирни услови, без препукувања со еБугарите и еГрците на национална основа.

Многумина нема да се согласат, меѓутоа нашите оригинални територии требаше свесно да се остават под окупација некој период. Кога ќе не нема на еБалканот, не знам каде јужните и источните комшии ќе ја лечат својата фрустрација (можда со еСрбија). Да бидеме реални: сега за сега еГрција и еБугарија се посилни од нас, без подршка од нашите сојузници.

На крај би се навратил на еСловенија - пак напаѓам сојузник... Зошто им се дадоа територии од еИталија за кои со сето срце војувавме, а тие не направија ништо во наша корист. И во РЖ секогаш гледаат и работат само за себе, така што освојувањето на територии во еШвајцарија и не ме чуди многу. Сега имаат повеќе поврзани територии со различни ресурси - ова требаше ние да го направиме...

ОВА Е САМО ИГРА, да се преселиме на АПЕНИНИТЕ...