Анализа на Воено-политичката состојба

Day 1,249, 03:26 Published in North Macedonia North Macedonia by Great White Ajkula

Почитувани читатели на „Македоникратија“. Ако некој ве праша, како вие би ја оцениле Военополитичката состојба во Македонија, на половина од мандатот на актуелното раководство, што ќе речете? Да погодам дека и Вам, како и мене, само пцости ви доаѓаат на памет? И Вам ли ви се врти реченицата „Со деца манџа не се прави“? Да... Да... Токму така. Ако со Струмјанин од ситуација нула на пари и нула на злато - дојдовме до Македонска власт врз Италија и полна каса - со МИД дојдовме до ситуација изгубена Италија, борба за Софија, на која најверојатно ќе ја отстапиме на нашите источни соседи - со гратис 4 дефанзивни системи... За да може потешко да ја освоиме, ако решиме да ја освојуваме... А касите на НБМ и Македонија имаат нешто повеќе повеќе - 1 милион денари. Веројатно се откапале од рефунди давање.
Мандатот го почнаа со клевети кон постарите играчи, дека се арамии, лажговци и предавници (и јас влегов меѓу предавниците). Понатаму продолжија со комплетно конфузни наредби, на кои 90% од народот се чудеше - зошто?. После тоа почнаа да заспиваат по нешто повеќе од 8 часа за да дадат наредба, за на крај да се заборават 24 часа да вклучат напад - па (автоматски) да удриме на Пловдив, во потрага по железо... Најверојатно не забележаа дека има во Софија. И тоа пазете, во време кога Грција ја изгуби централна Грција! Да резимирам. Не сум желен да видам ничиј пад, но ако нечие владеење продуцира пад на еМакедонија - желен сум да го видам паднат. Да ги окуражам конгресмените кои не гласале - сменете го ова раководство. Претседателот прв.
П.С. Имаа предизборно ветување за јакнење на денарот“. Со резерви од Милион денари - не да ќе зајакне... Ќе пукне до плафон!


Say something to you friends:
ВОЕНО ПОЛИТИЧКА АНАЛИЗА: http://www.erepublik.com/en/article/-1-1754610/1/20