ИГРА ЛИ Е ОВА ИЛИ ПАНАЃУР !!!!

Day 1,245, 17:04 Published in North Macedonia North Macedonia by Boban Mitrovski

Се случи куршлус со серверите на Администраторите и ние 2 дена чекаме, пекаме и тапкаме за да се одблокира багот за да почнеме.

И конечно дојде the D-day !!!

Почнува дерби на старо-новите непријатели. ЕУФОРИЈА!!!

Се опремува војската до заби, се дели помош и на цивилите, се канат и пријателите да помогнат и сега по некоја логика за една игра тука би требало да заврши се.

ЈОК бе брат, во арсеналот на подготовка во последно време имаме се поприсутни уште неколку моменти: се крадат телефоните на тато и мама за да се пушти некоја порака за злато, а бога ми се острат и кредитните картички за да се потрошат и последните пари заостанати од последниот роденден.



Да, се сложувам дека секоја игра чини пари и дека секое задоволство се плаќа меѓутоа ајде да се навратиме малку на основните принципи на играта и основните мотиви за кои сите ние сме почнале да ја играме:

Воена стратегија каде е потребна организација, договарање, преговарање се со цел да се победи противникот и да се ослободат неколку капки ендорфин за да почуствуваме задоволство.

Тука се надоврзуваат и нашите мотиви: Хоби, забава, дружење, социјализирање.

Принципи, начела, мотиви, стратегија, огранизација…………..МОЛАМ?!?

Ништо од тоа веќе не е битно, стави му пепел на сето тоа затоа што се појави еден нов момент кој што ги заменува сите тие работи.

А што е тоа???

Па ПАРИ бре луѓе мои…..ПАРИ !!!!



Не е битно веќе во играта да си снаодлив менаџер, умешен претседател, речит новинар, добар воен стратег или па пријатен за муабет на чет.
Битно е колку ПАРИ ќе потрошиш и да им покажеш на другите дека нивната креативност, умешност и интелегенција не вредат ни 5 пари.

За другиве од играва па и не ми чуе баш, ама сакам да се обратам на вас мили Македонци:

- Пред да испратите порака или пак пред да влезете во банка и да си го потрошите последниот денар во оваа игра на пари, ЗАСТАНЕТЕ и размислете:
- Дали можеби е подобро да го поканите вашиот стар пријател на пиво, вашиот сакан/сакана на вечера или пак да заштедите за да прошетате во другите градови и да ги запознаете луѓето лично кои што сте ги сретнале на чет во играта.


Верувајте ми дека со ова последново, вашето задоволство ќе биде многу поголемо, а вие ќе бидете многу побогати.

Сакам да ве замолам за еден shaut, за да прочитаат што повеќе луѓе. Благодарам


Да сте ми живи здрави сите !!!