ПОЧЕТНИЦИ, ЧИТАЈТЕ УБАВО

Day 1,238, 11:53 Published in North Macedonia North Macedonia by CPB Skopje


Во овој број одлучив да напишам нешто кое ќе им користи на почетниците. Ги објавувам најбитните работи за почетници. Почетниците обавезно да прочитаат додека другите кои веќе се запознаени со оваа работа ќе бидам задоволен да стават ВОУТ.

Најпрвин, на новите играчи да им посакам добредојде во еМакедонија. Се надевам дека Ви се допаѓа играва и дека во најскоро време ќе успеете да ја совладате и да ни се придружите во градењето на иднината за еМакедонија.

КАКО ДА РАБОТАМ И ЗОШТО МЕ БРКААТ ОД РАБОТА?
РАБОТЕТЕ СЕКОГАШ СО 95+ ЗДРАВЈЕ


Обидете се секогаш да работите со целосно 100% здравје или што е можно поблиску до 100 здравје. На тој начин, вие најмногу допринесувате за компанијата за која работите но и за самите себе, бидејки само на овој начин вашиот економски скил (читај, работна вештина) се накачува максимално и побрзо може да преминете во подобро платена категорија на работници. Со вакво работење, сопственикот на компанијата ќе ви ја зголемува вашата плата но и вие самите можете на пазарот да си пронајдете подобро платена работа. И државата профитира од Вашето ефикасно и ефективно работење.
НИКАКО НЕ РАБОТЕТЕ СО МАЛО ЗДРАВЈЕ! Со ваквата постапка не само што не допринесувате за самите себеси како лик во играта, туку во загуба ја ставате компанијата во која работите (што ќе резултира со отказ) а со тоа директно и штетите и на македонската економија. Доколку продолжите со такво темпо на работење со екстремно ниско здравје, сите компании ќе ве испуштат од работа. Затоа, пред да работите, осигурете се вашето здравје да биде над 95.


КОГА ДА СЕ БОРАМ?

Најпрвин, ќе Ве замолиме за ТРПЕНИЕ! Тоа е најважната особина која морате да ја имате во играва. На почетокот, Вашиот придонес во војните е многу мал а штетата која си ја правите за себе е многу голема а немате средства за да ја санирате истата. Штетата која ја правите во почетничкото борење е незначителна од онаа штета која ја правите на еМакедонија. Сфаќаме дека сакате да се борите и да допринесете за еМакедонија, но нема никаква потреба од брзање. Концептот на играва не го бара тоа, туку ВОЛЈА И СТРПЛИВОСТ!!! Затоа, ВЕ СОВЕТУВАМЕ ДА СЕ СТРПИТЕ ОД БОРЕЊЕ БАРЕМ ДО 15ТО НИВО. Тогаш ќе стекнете доволно воена сила за да направите далеку поголема штета од почетничката а со тоа и повеќе да допринесете за еМакедонија и нејзините сојузници. Запомнете дека и правите штета на државата доколку почнете рано да се борите. Иако постои Црвен Крст на Македонија и Министерство за Здравство каде можете да се обратите за помош за леб доколку сте избрзале, не секогаш ќе може да добиете помош бидејки има многу играчи на кои таа помош им е многу попотребна. Многумина ја злоупотребуваат државната помош и затоа се прави црна листа на тие играчи кои го сториле тоа и покрај предупредувањето до нив. Затоа, бидете свесни и разумни во сопствените постапки.

Како што ние сакаме да Ви помогнеме, помогнете ни и вие нам. СЕУШТЕ НЕ СЕ БОРЕТЕ!!!Почнете да се борите кога ќе процените дека можете сами да се одржувате.


КАКО ДА ГИ ТРОШАМ ПАРИТЕ И ЗЛАТОТО?

Досега сте виделе дека во играва имате на располагање две финансиски средства и тоа: ЗЛАТО И МКД! Златото е есенцијално во играва, затоа не брзајте да го трошите уште во првиот момент. На секое качено искуствено ниво добивате по 1 злато(gold). Ова е вашиот најбитен извор на средства во почетничките денови (покрај платата се разбира).
ШТЕДЕТЕ!!! Почекајте барем да стигнете до 15то ниво за да може да го инвестирате златото во нешто покорисно за вас.
НИКАКО НЕ ГО КОРИСТЕТЕ ЗЛАТОТО ЗА БУСТЕРИ (особено последните два)!!!!! ЗАСЕГА, КОРИСТЕТЕ ГО БЕСПЛАТНИОТ БУСТЕР ОД 10%. користете по еден бустер од 50% на секои три дена за ТРЕНИРАЊЕ!! Тој е најисплатлив.

ЗОШТО СЕ КОРИСТИ MONETARY MARKET?

Monetary Market е монетарен пазар т.е. берза каде можете да купувате или продавате мкд (или друга валута) и злато. Потребно е да ги следите понудите на пазарот и да ги прилагодувате истите со цел да успеете во намерата. Во еРепублик, секој граѓанин може да ги разменува сите валути за злато или други валути. Граѓаните со минимум 12то ниво можат да стават сопствени понуди (за МКД и злато) на берзата и можат (освен за МКД) да разменуваат злато за други, странски валути.


Ве молиме дајте vote & shout за да го видат артиклов што повеќе луѓе.

Ваш, CPB Skopje