Како до совршена статија,погледнете

Day 1,238, 11:44 Published in North Macedonia North Macedonia by Destroyer123


Предлог идеи за содржина на е-весник

Најголемиот број електронски весници објавуваат статии на разни теми. Но статиите не се се, и со нив не завршува содржината на електронскиот весник. Следуваат 21 идеја за статии и за други содржина во весникот. Тие ќе ви помогнат да заштедите дел од своето време за размислување.

Проблем/решение
Идентификувајте одредени проблеми со кои се судруваат читателите. Сугерирајте решение. Не треба ова да го направите премногу надмено.

Пример: Не треба да избирате актуелни проблеми кои може да бидат решени исклучиво со ваша експертиза или со одреден ваш продукт. Самопромовирањето е добро, но не до толку за да ви ја донесе посакуваната вредност или добивка.

Како да…
Напишете водич за тоа како најдобро да се изврши одредена задача или како најдобро да се искористи одреден продукт или услуга.

Најдобри совети
Продуцирајте серија на совети за да им помогнете на луѓето како побрзо да ја завршат својата работа. Како да добијат максимална корист од вашите продукти, вашите услуги или нешто друго што би ги интересирало читателите.

Пример: Најнови примери за вакви совети се оние за подобро искористување уреди како персонален компјутер, лап топ, џебен компјутер или мобилен телефон, или пак уред за менаџирање на време.

Мислење / анализа
Понудете издржана анализа или субјективно мислење на релевантна тема, идеја, настан, новост, продукт, компанија, идустриски развој, изведба, итн.

Поглед кон иднината
Напишете статија во која ја предвидувате иднината за која било дејност во која сте вие вклучени.

Пример: Напишете статија со ваше лично предвидување на иднината во одреден сектор за кој сметате дека имате напредни познавања. По одреден период, повикајте се на статијата и напишете дополнување испитувајќи дали сте биле во право или не (и доколку не сте биле во право, зошто?)

Приказни и анегдоти
Напишете приказна која сметате дека е интересна за вашите читатели.

Пример: Напишете извештај врзан за одредена приказна или одредена новост, која е ирелевантна на вашиот контекст. Потоа направете паралела и споредба со одредена бизнис ситуација или настан. Напишете четиво кое читателите ќе може да го применат во нивните секојдневни ситуации.

Пример: Опишете ваше ужасно бизнис искуство. Искористете го за да извлечете поука за други слични бизнис ситуации. Читателите сакаат да читаат за проблемите на другите луѓе и како тие се справиле со нив. Тие сакаат сами да извлечат поука од туѓите проблеми.

Пример: Напишете неверојатна или инспиративна анегдота.

Студија на случај
Студиите на случај презентираат конкретни ситуации со кои требало да се справи одредена ситуација.

Пример: Изработете студија на случај во која ќе се промовира вашиот продукт или услуга. Но не пишувајте само една гола студија која секој ќе може да ја заборави штом ја прочита. Не е доволен само еден клиент кој ќе изјави: “ние го искористивме овој продукт и многу ни помогна”. Постои разлика помеѓу студија на случај и сведочење.

Пример: Погледнете ги студиите на случај кои најмногу Ве импресионирале. Несомнено, содржат мноштво на издржани и практични детали од кои читателите можат да научат, и вистински бројки така што луѓето може да добијат претстава за влијанието кое го имале превземените чекори.

Сезоналитет
Изберете ги вашите статии според сезоната. Имајте ја во предвид и сезоната на годишни одмори и сезоната за бизнис.

Пример: Голем број електронски весници во текот на летото нудат промоција на аранжмани за летување. Обидете се да ја најдете паралелата која постои во вашата дејност.

Осврти
Вметнете осврти на други продукти и услуги од други лица. Но не треба да се даваат осврти на продукти и услуги од конкуренцијата. Можно е да се сугерира одвраќање во вашите коментари.

Пример: Направете осврт на корисни алатки, книги и други слични работи за кои сметате дека вашата публика може да има корист, но кои не се судруваат со вашата сопствена понуда.

Образовна содржина
Обидете се да го искористите вашиот електронски весник за да изградите речник или база на знаење.

Пример: Многумина издавачи во весникот имаат секција “термин на седмицата”.

Избор на најдобрите содржини
Погледнете наназад и утврдете што се докажало како најпопуларно кај читателите во минатото. Размислете за издание “најдобар електронски весник” досега. Немојте да претерувате со фреквенцијата на објавување. Луѓето многу брзо ќе се изморат од повторувањето.

Пример: Најдете временски независни содржини и материјали кои биле креирани на самиот почеток на електронскиот весник. Овие содржини биле прочитани од поголемиот дел од вашата моментална публика. Испитајте ги бројките за бројот на приматели и за должината на нивното членство. Обидете се да најдете вреден материјал кој е нов за поголемиот дел од нив.

Пример: Содржините кои ќе резултираат од изборот на најдобрите електронски весници претстауваат одлично решение за итни случаи. Особено кога немате подготвено содржини навреме.

Destroyer123 Pozz до сите членови на еМакедонија