Упатство за војување

Day 1,234, 02:34 Published in North Macedonia North Macedonia by VODACOT

Почнавме сериозна војна на повеќе боишта, а ќе стане уште полошо, бидејќи освен востание, сега италијаните ќе не напагаат и со помош на нивните сојузници. Вчера од две битки и двете ги изгубивме, а сега со три, ништо чудно повторно да не избришат од еСветот.
Дали некој размислува што е приоритет во битките, каде да ги насочиме главните сили, како да победуваме или пукајте кој каде сака, па нека ја изгубиме државата. Каде е организацијата и каде е дисциплината на оние кои војуваат?
Дали го разбирате новиот модул за војување?
Ако некоја од страните постигнала повеке од 1800 поени, битката е решена и на нејзе не треба веќе никој да се бори, напуштете ја и борете се во друга битка.
Не сме толку богати со ресурси (храна и оружје), а и здравјето ни е ограничено па непотребно да се трошиме во веќе решени битки.
Значи, ако некоја од страните постигнала 1800 поени, напуштете ја таа битка и префрлете се на некоја друга или чекајте ја наредната.

Со среќа, со ваква организација, дисциплина и познавање на играта не ни требаат војни, ниту да ја играме играта.

Глас ако ме подржувате.