[toiletNEWS] Незадоволителни случувања, незадоволна нација

Day 1,234, 03:50 Published in North Macedonia North Macedonia by Banned333


Сите сме сведоци на последните случувања во еМакедонија. Нов претседател, на првиот ден од мандатот изгубивме важна битка со еБугарија и востание во еИталија. Нормално е дека сите ќе ја криват новата владата, што и не е грешно, ама да ги анализираме случувањата..



Најпрво, претседателот не застана сам на таа функција, ниту па против нечија волја. Тоа што се случи со ОеМ се случи, веројатно имаа и среќа, па затоа МНФ успеа да победи на последните избори. Ама победи пред се заради мислењето на народот. Македонија До Индија го гласаа над 1800 луѓе, повеќе од колку што има членови ОеМ, а камоли МНФ.. Овие 1800 луѓе, добар дел од еМакедонците, го донесоа МДИ на функција, а сигурен сум дека веќе пола од нив се против него. Без разлика за кого гласавте, имавте доволно време да разгледате што се случува, што нудат и општо кои се кандидатите и какво искуство имаат. Од овие 1800 луѓе, над 1400 немаат никаква врска со партијата МНФ (која има помалку од 400 членови) и го одбрале МДИ бидејќи мислеле дека ќе направи најмногу - а не му дадоа ни 24 часа да се докаже. Ако веќе сметате дека до толку не го бива, можевте да размислите и пред гласањето. А можеби и треба да се даде и наредна шанса, затоа што почеток на мандадот каков што имаа они не е воопшто лесен.



Иако сме од различни партии, никогаш не сум кажал или помислил ништо против Струмјанин и се уште тврдам дека тој е најдобриот претседател кој еМакедонија некогаш го имала или ќе го има. Но, иако не бев присутен, не верував дека му почнал мандатот со војна со една од најомразените држави, држава која се докажала како доста силна и пред се држава со која веќе имаме мноооогу лошо искуство. Факт е дека сега се работи и за лош сплет на околности. Додека досегашните новоизбрани претседатели имаа време да се „раскомотат“ во фотељата, уште не седнат МДИ се соочи со огромен предизвик: војна со силен противник која беше започната само неколку часа пред тој да дојде на власт. Во време кога тој требаше првите неколку дена да ја организира владата, да им се обрати на граѓаните и сл., веќе беше приморан да се бори против еБугарија. Можеби и тој потфрли, не викам не, но само инсистирам да му се даде уште една шанса, да може да се покаже дека ја заслужува фгункцијата.



Ќе речете дека го зборам ова бидејќи сум политички определен. Ова е мој личен став, зад кој не стои ни моето членство во МНФ ни мојот глас за МДИ. Дали намерно или не, се случи лош сплет на околности, и МДИ не успеа да изреагира на време, но тоа не значи дека сега треба да биде тргнат од функцијата или замразен од народот. Можеби ќе бевме поуспешни во битките во времето на Струмјанин, но сепак се бориме со еден сосема поинаков противник. Италија ни зема едвај две мини битки додека се боревме со нив, а Бугарија не се дава така лесно. Да не заборавиме и дека можеби на повидок е уште еден пресврт во алијансите, бидејќи и Хрватите почнаа да си ги враќаат териториите во еСрбија, а и еТурција си ги намали успесите. Вакви пресврти се нормални и очекувани, и не секогаш се должат на неуспехот на државите или на алијансата. Како што одеднаш ЕДЕН пропадна, можеме да очекуваме така одеднаш и да зајакне.



Како и да е, останете ми во добро здравје. Сигурен сум дека ќе се среди ситуацијата, бидејќи сепак сметам дека еМакедонија е во добри раце.

Ваш,

Banned333