Туторијал за почетници

Day 1,232, 12:34 Published in North Macedonia North Macedonia by Stole 07

Што прво да направите откако ќе се регистрирате?

Секако прво што ќе направите откако ќе се регистрирате е да ставите аватар. Ќе одите на својот профил, па edit profile и потоа ќе си изберате сликичка, мора да биде во јпег формат. Со тоа добивате два искуствени поени.

Следен чекор е наоѓањето работа, а тоа ќе го направите на следниот начин.



Ќе кликнете на Job market и ќе ви излезе листа со понуди. Ќе видете кој нуди најмногу плата и ќе претиснете на копчето Apply.

Понатаму ќе изберете бустер за работа и ќе почнете со работа.


Следно што ќе направите е да тренирате.
Исто така избирате бустер за тренирање и почнувате со тренирање.

Ако во иднина имате вишок злато, најдобро решение би било да тренирате со поголем бустер.

Важно е секој ден да работите и тренирате со големо здравје (поголемо од 90)...

Начини за да се покачи здравјето:

а) Купи и јади храна

Храната може да се купи во маркетот

Денес постојат 5 вида на храна, секој вид на храна покачува одреден број на здравје

Q1 храната покачува 2 здравје.
Q2 храната покачува 4 здравје.
Q3 храната покачува 6 здравје.
Q4 храната покачува 8 здравје.
Q5 храната покачува 10 здравје.


1. Го внесуваме бројот на количеството храна кое што сакаме да го купиме.
2. Со претискање на копчето “Buy” ја копуваме храната.
3. Цена на само еден продукт.

За да ја конзумираме храната, односно за да го покачиме здравјето треба да претиснеме на копчето “Eat”.

Ако имате купено доволно храна, вашето здравје ќе се покачи на 100 со само еден клик.

доколку вие немате купено храна тогаш копчето ќе биде “Buy food” и со негово претискање ќе ве однесе на маркетот.

Друг начин за да го покачите здравјето е со купување куќа.
На маркетот има 5 различни вида на куќи. Постапката на купување е иста, но се многу скапи и можат да си ги дозолат само поискусните т.е. побогатите граѓани на новиот свет.