еЈужна Африка нов сојузник на еМакедонија !!!

Day 1,231, 13:41 Published in North Macedonia North Macedonia by MKHero

Како што ветив, така и направив. Го продолжувам трендот да информирам, пред се за новите сојузници на еМакедонија. Тој тренд ќе се обидам да го продолжам и понатаму, се со цел да имаме подобра слика за нашите сојузници.

еМакедонија потпишува МПП со еЈужна Африка.
http://www.erepublik.com/en/Republic-of-Macedonia-FYROM/law/71063



На прв впечаток мора да признаеме дека сојозот со Јужна Африка е дефинитивно најчудниот во последно време, почуден и од оној со еБелгија и еЛитванија. Зашто велам на прв поглед, затоа што доколку се погледне подлабоко во ова МПП, се доаѓа до заклучок дека сојузот ОНЕ има блиски односи со еЈужна Африка.

Моментално имаме два заеднички сојузници и тоа основачите на ОНЕ сојузот еУнгарија и еШпанија, а еЈужна Африка покрај овие два има само уште еден сојузник и тоа уште еден од основачите на ОНЕ, еПолска. Според ова можеме да заклучиме дека политиката на еЈужна Африка е насочена кон ОНЕ.

Во продолжение можете да погледнете мало инфо за нашиот нов сојузник еЈужна Африка.

еЈужна Африка моментно нема НЕ, не е во војна, иако три нивни региони веќе подолго време се наоѓаат под еБразилска власт.

Моментални региони на еЈужна Африка:
-Gauteng, Limpopo – Региони богати со овошје
-Mpumalanga – Регион богат со крави
-North West Province – Регион богат со шалитра
-Free State – Регион богат со алуминиум
-Western Cape – Регион богат со алуминиум ( Овој регион не им е од никаква корист бидејќи не е поврзан со останатите региони ).

Број на жители на еЈужна Африка: 367 жители

Број на искуствени поени на еЈужна Африка: 680,697. Во просек имаат по 1,768 искуствени поени, со што моментално се наоѓаат дури на 41-то место во еСветот.

Поздрав народе ... до следното пишување.