Предлог нови даноци. (суровини и готови производи)

Day 1,194, 07:11 Published in North Macedonia North Macedonia by lazarosaMKD

Од пред некоја минута/саат имаме нов конгрес, честито на сите а сега е време за работа малце. 😉

Кога почна војната со Бугарија оправдано се симна данокот на увоз кај храната и оружјето (на 12😵 поради тоа што имаше многу поголема побарувачка за тие производи што е разбирливо во време на наша војна (кај што ние директно сме вклучени). А од друга страна немавме доволна понуда особено на q5 леб и q5 оружје(ме радува што од ден на ден гледам се` повеќе високо квалитетни фирми во посед на Македонци тоа е одлично за голдот да оди што помалку надвор од државата)

Моментално немаме наша војна а сега имаме и нов конгрес па ова е мојот придонес во насока на дебатата за нови даноци.

Предлог до Конгресот на Македонија и до Министерство за Економија

Суровини
- (нафта, железо и камен) - кај овие суровини слободно можеме да ставиме 50% Import Tax (или колку веќе е најголемиот дозволен данок во играва)
- жито - данокот е моментално за житото 18% и овој тест период покажа дека самите можеме целосно да ги задоволиме потребите на Македонија од жито.
Моментално на маркет има 62(!) страници понуди со жито.
Мислам дека кај житото може да се стави привремено 25% Import Tax па ако е се` во ред и таму во некој иден период да се стави 50% Import Tax.
Сепак има 62 страници со понуди во овој момент тоа се 620 фирми ајде двајца ќе се договорат, тројца можеби но 4 души па нагоре тешко а камоли 62 страници од понуди.

Готови производи

- (храна и оружје) - Предлагам да се крене Import Tax на 35%
Моментално има 36 страни со понуди на q1 леб.

- (авионски билети) - Овде не сакам да давам предлози зашто имаме само 5 фирми за авионски билети од РЛ играчи од Македонија (од кои 2 се мои) и неколку во сопственост на натурализирани еМакедонци. Другите се понуди од странци преку лиценци. Нови фирми не може да се отвараат. Прашање за милион долари на кое само админите го знаат одговорот е кога ќе ги укинат овие фирми во верзијата број 567283947777834255.... на економскиот модул.
Моментално данокот овде е 25%.

- (куќи) - Ситуацијата е иста како за авионски билети, нови фирми не може да се отвараат и не се знае до кога ќе постои овој сектор.
Import Tax е исто така 25%.


Забелешка
За Income Tax и за VAT не дадов предлози зашто не ја знам политиката за во наредниов период. Даноците што се собираат во играва не може да се користат пример за нови патишта, поврзување со пруга со Албанија и Бугарија итн. туку има само 3 ставки.
1. Потпишување на МПП со сојузнички држави.
2. АРМ
3. За новите играчи некој ако се заебал да му се помогне со леб.


Оттаму во согласност со тоа од колку МПП имаме потреба во наредниов период, дали ќе има нови единици во АРМ и дали очекуваме некој поголем бејби-бум и дали имаме политика на штедење или не, може да се стават соодветни Income Tax и VAT закони.

Ги повикувам читателите на весников/артикалов да даваат свои коментари како мислат дека треба да биде па нека Конгресот и МзЕ земат во предвид се` заедно.
Фала.