„Глуп“ народ, јака држава!

Day 1,192, 17:23 Published in North Macedonia North Macedonia by Dr GloBil

За почеток со жалење морам да констатирам дека и мојата втора статија ќе ја објавам по повод некои неубави случувања во еМакедонија.

Прв чекор што ЈАС ќе го преземам во врска со ова е што целосно ќе се дистанцирам од политичкиот живот во еМакедонија. На претседателски и парламентарни избори ќе гласам само за кандидат што лично го познавам или што (колку толку) знам дека заслужува да биде на таа функција без разлика од која партија е. Причината која ме доведе до ваква одлука е едноставна: заситен сум од политиката од РЖ и целосно сум разочаран што таа се пресликува и во една ваква проста интернет игричка. Втор чекор е нормално статијава...

Деновиве најнова мода се препукувањата околу затајувањето на данок при вадење на пари од фирма.

ЈАС со чиста совест можам да кажам дека НИКОГАШ не сум извадил пари од фирма преку монетарниот пазар, и гордо можам да кажам дека и од компаниите на единицата во која што сум член не било направено истото. Слободно можам да кажам дека рефундот кој го доби единицата во војната со еБугарија (иако едвај покри 30% од трошоците) беше целосно покриен со пари кои ние сме ги дале во даноци.

Едноставно не можам никако да сфатам, без разлика што механизмите на играва го дозволуваат тоа, како може луѓево да се толку лакоми за виртуелни пари и да пристапат на тој чекор. Да, 90% од играчите знаат како да го прават тоа, но вистинското прашање е дали 90% треба да го прават тоа? Зарем не ви е доволно што и во РЖ некој постојано се поигрува со вас и ви го одзема правото на нормален живот токму на истиот начин? Што добивате со тоа?...плус две-три убиства дневно?! Па зар не е конечната цел во играва да се изгради посилна држава која што ќе може побрзо да се развива и да прерасне во светска сила??

Размислете колку ќе биде подобра и полесна за сите играва доколку сите ја играме фер и коректно како што е предвидено со ОСНОВНИТЕ механизми. Тоа е затворен круг. АКО сопствениците на компаниите се фер ќе си го плаќаат данокот како што е ред. Државата ќе има поголем прилив на пари од даноци од што и се потребни за нормално функционирање, и АКО е фер ќе го намали данокот на приход. На пример ако сега данок плаќаат 10% од играчите, данокот е 10-13% и државата добива доволно пари да функционира, тогаш кога данок би плаќале барем 50% од сопствениците на компании, данокот на приход ќе може да се намали на 4-5% и пак да има доволен прилив на средства во државата. Доколку данокот го плаќаат 70+ % од играчите тогаш данокот на приход ќе може да се намали до тој степен што никој нема ни да го осети при вадењето на пари од фирма.

А ако некој праша што ќе добиеме ние обичниот народ од тоа, одговорот е многу едноставен. Побројна армија, редовно обновување на сојузништвата, повисок буџет за Министерството за здравство, повисоки плати за обичните смртници без компании...доволно е за почеток, нели?!

Па дајте барем виртуелно да бидеме „глупиот“ народ со јака држава. Преправајте се дека дека не знаете како да затајувате данок, и престанете да го правите тоа. Барем во играва гледајте ја поголемата слика, а не само личните интереси. Подигнете го нивото на свест на повисоко ниво од играчите од другите земји и гарантирам дека нашава еДржавичка многу побрзо ќе напредува од било која друга еДржава.

И за крај, но не и најмалку важно, моралната страна на целата ситуација. Овој дел главно се однесува на постарите (по години, не по стаж во играва) играчи. Земете во предвид дека играва главно ја играат средношколци, па дури има и основци, и размислете како сето ова што се случува во играва ќе влијае на нив во РЖ. Како сето ова може да се одрази на нив како личности и идни полноправни граѓани на Р. Македонија. Сепак мислам дека во РЖ сме доволно бомбардирани со партиски препукувања, затајување даноци, крадење државни пари и сл. Дозволете играва да биде место каде што сите барем на половина час дневно можеме да избегаме од сето тоа и да уживаме во силна и обединета еМакедонија!

Искрено ваш,
Davor Pehcevski