Корисни алатки во врска со играта

Day 1,183, 15:27 Published in North Macedonia North Macedonia by AnaTheQueen

Доколку сте еден од оние играчи кои:

- сакаат успешно да ја водат својата компанија, вадејќи го максимумот од секој вработен
- бараат брза заработка на монетарните пазари во еСветот
- сакаат брза и лесна пресметка на штетата што можат да ја нанесат во битка, со оглед на моменталната сила со која располагаат, плус како на тоа влијае користењето на оружје
- ве интересира колку ви е моменталната продуктивност со и без користење бустери
- или едноставно сакате да имате пристап до многу други корисни податоци околу играва,

тогаш на следниот линк

[a href='http://www.box.net/shared/v9395c474q']eRepublik[/a]

ќе најдете еден многу компактен и прегледен eRepublik excel документ, кој сигурно ќе ви помогне во секојдневното играње на оваа игра.

Наспомена: Документот бара да имате инсталирано Excel 2007, а со кликање на копчето Refresh сам си ги превзема најактуелните податоци од играта.

Важно: Пред да почнете да го користите истиот, проверете дали ви се активирани Macros & Active X.

За оние пак кои веќе ги искористиле трите бесплатни земјишта доделени со новиот економски модул, а сакаат да отворат нова четврта фирма за 10 gold, во прилог е список на земји каде може најевтино да се купи ново земјиште:




Поздрав до хрватскиот пријател кој ми ги сподели овие работи, па бидејќи му ветив мора да ја завршам статијава со Nina Moric 🙂