[ Проект ] :: Ревитализација на Македонските камикази ::

Day 1,163, 14:20 Published in North Macedonia North Macedonia by frozeX
Вака сега.. да не ја должам многу со убаво навезени зборови, слики, банери.. не ми е за ММ медал или слично.. туку сакам да помогнам на колку можам на толку наши соборци.

EDIT: ПРВО ЌЕ ВЕ ВРАБОТАМ СИТЕ ПА ПОТОА ЌЕ ВИ ПРАТАМ ХРАНА НА СИТЕ, БИДЕЈЌИ ВАКА ГОЛЕМА ЗБРКА ЌЕ НАСТАНЕ !

EDIT 2: Тие што се пријавија се пријавија, има уште некое слободно место, па побрзајте Македончиња.
Сега ќе почнам со доделување на лебот пресметано за да можете да работете утре на 100ка.

Единствено криво ми е што не се јави ни еден газда да понуди помош како мојата 🙁


Како што кажува насловот.. ќе се потрудам бар на неколкумина македонци да помогнам... и тоа преку своите сопствени фирми и мојот сопствен рефунд.

Значи мојава програма ја нудам за максимум 20тина Македонци кои ќе се сложат на следниве услови.

За почеток вака:
* + Сите камикази (мислам тие што ќе аплицираат) ќе добијат доволно храна за да од утре можат да сработат на 100ка и да се вратат во нормала.
Значи ако сте останале на 16 енергија после вашето камиказирање јас ќе ве рефундирам преку мојата Q3 фирма за леб, т.е. ќе ви “донирам“ 14 лебчиња (84 енергија) за да се вратите во нормала, да не мора да ја уништувате сега и Македонската економија после нашето камиказирање во Бугарските фирми.
* + Ако сте сеуште во Повардарие или Западна Македонија - ќе ви донирам и по еден тикет за да можете да се префрлите во Источна од каде што ќе можете да тргувате пак на Македонскиот пазар.

* - За возврат, од сите тие што ќе бидете пријавени ќе ве вработам во моите фирми да работите за минимална плата (1.5мкд).
Со ова, јас сум осигуран дека вие ќе работите минимум 3 дена и не може да ми "избегате" никаде со донациите кој сум ви ги дал за да ви помогнам, а воедно и ќе си се рефундирам за тоа што сум ви донирал леб и карти за да се вратите и работете за Македонија.
Е сега, ако пример некому му требаат само 30-40 енергија (му требаат лебчиња за 20тина денари), ќе работите пример само првиот ден за минималец да си го исплатите лебчето што сум ви го донирал а потоа ќе ви биде соодветно покачена платата.
Верувам дека за никој нема да има потреба да работи повеќе од 3 дена за да си ги исплати “донациите“.

Единствено нешто што барам од вас е за тие 3 дена додека работите кај мене да работите со максимална продуктивност или 95-100 енергија, т.е. да се стрпите од жедта за борба за тие 3 дена, барем колку да не бидам во загуба и јас од вас.

Потоа, ако мислете дека сум добар менаџер - останете да работите кај мене за нормална плата, ако не слободно вработете се во друга фирма.


Значи сето ова го правам со цел да и помогнам на нашите сограѓани, се надевам нема да ја злоупотребите оваа помош !


Се надевам дека ќе има добар одзив на граѓаните и ќе помогнам на колку што можам.

Доколку има и други вакви сопственици на фирми кои сакат да го применат истото - слободно и вие исконтактирајте ме, па после пополнувањето на местата во моите фирми, “камиказите“ ќе ви ги префрлам вам, односно вие да си се договарате околу останатите детали.


Сите заинтересирани камикази (и сопственици) можете да ме исконтактирате ОВДЕ.


Мислам дека во овие мигови на Македонците и Македонија и е потребна баш оваква масовна акција, па затоа ве замолувам вас сите читатели за Глас и Шаут за што повеќе "камикази" и сопственици да ја видат и спроведат мојава идеја.


Македонија на македонците !