Што и штети на економијата?

Day 1,129, 01:34 Published in North Macedonia North Macedonia by Nsane Lazarov

Пред да почнам да пишувам сакам само да кажам дека не навредувам ниту вреднувам некој. Ова е само моето мислење (мислам дека е реално). Сите што ќе коментираат достоинствено ќе добијат и таков одговор. Тие што ќе коментираат само колку да кажат нешто и да навредат, ќе бидат игнорирани.

Ајде да почнеме.

1DW фирми

Во последниве неколку дена особено е крената тензијата и омразата спрема овој вид на фирми. Разбирам дека тие што не ги сакаат овие фирми се заради тоа што им ги крадат работниците и се тоа, ама тоа е единствената негативна работа за нив. Сега ќе појасниме зашто.

Овој вид на фирми, го користи методот на работи-отпушти (народски кажано). Во економијата, односно економската наука овој метод е наречен Акцелератор. Сега ќе објасниме што значи Акцелератор.

Акцелераторот (принципот на забрзување), ни покажува каков е одразот на промените на доходите врз масата на инвестициите. Имено, порастот на производството и на вкупните продажби на фирмите ги зголемува нивните доходи, односно со ова се зголемува количеството на пари. Така доаѓа до напредување на економијата, односно забрзување на економскиот раст.

1DW фирмите бараат голема посветеност на играта. Ова значи дека треба да си минимум на секој 15-20 минути упален на еРепублик за да можеш да вработуваш и да отпушташ. Треба да имаш умешност и финансии за тоа, а очигледно некои играчи имаат.

На ред се таканаречените камикази. Тука нормално, има две мислења. За едни камиказите се подарок од Господ, за други најголемото зло. Е сега, тие што мислат дека камиказите и прават добро на нашата економија, грешат неверојатно многу. Знам дека мојата организазија ги подржуваше камиказите, дури и беше кажано дека нашите членови ќе се „камиказираат“ во 1DW фирми, но јас искрено сум против тоа. Причината е следново. Камиказите работат со малку енергија и имаат мало производство, а зимаат ненормално висока плата. Овде во загуба се работодавачот, неговата фирма и кој друг ако не, економијата. Се плаќа многу за работници што ќе произведат малку. Би ве замолил да ми кажете како тука се помага?

Од друга страна 1DW фирмите ја поседуваат работната сила. Со ова може да се согласам и тоа е единствената работа која што на сите им пречи. Затоа предлагам сите што си имаат приватни фирми да ги стимулираат вработените со 1-2 лепчиња или некакви други бонуси. Немојте цело време да се жалите дека ви ги земаат работниците. Нормално е да се има конкуренција. Пазар нема да е пазар ако нема конкуренција. Малку потрудете се, малку комуникација со вашите вработени нема да штети. 10 минути од денот ако вложите во комуникација, може да си ги зачувате сите вработени.

Мулти фирми

И овие фирми не се којзнае колку лоши, но само во определени периоди. Еве за пример ќе земеме кога бевме да се бориме за Турците. Можам да кажам дека немаше понуда на жито и железо, едноставно СЕ беше купено на пазарот. Тука најмногу би помогнале ваквите фирми. Од друга страна ризично е да имаш ваква фирма заради правилата на играта, што може да те доведе до бан. Исто така не влијаат баш најдобро кога во земјата не е актуелизирана некоја војна, затоа што нивните работници работат за мала плата, а произведуваат многу повеќе. Тука работодавачот може да постави пониска цена на пазарот и веднаш да му биде купена понудата. Негативното влијание тука е многу големо, затоа што ја уништува цената. Некои фирми кои што си се регуларни, можат да си дозволат да намалат, но има и некои кои неможат да се натпреваруваат со нивната понуда, што доведува до нивно банкротирање односно затворање.

Се на се доколку веќе толку се упорни некои играчи да уништат фирми, поминете ја секоја фирма и видете дали има мулти. Бидејки ваквите фирми штетат за време на нормален период во државата, односно кога нема војна.

Да напоменам дека никого на фаворизирам, туку само сакам да објаснам за тие што го следат мислењето на некои играчи. Нешто што отворено не подржувам се камиказите. Многу од вас веднаш ќе почнат со негодувања од типот на, „Ти си 2 месеци играч тука, ти си нашол да дојдеш и да ни попуваш за економијата“. Точно, но зарем тоа значи дека не треба да се покаже почит малку? Не мора веднаш да се суди според тоа колку време играш тука, треба да се суди врз основа на тоа што го кажуваш. Така да до сите што ќе дадат нешто приближно на ваков одговор, нема да бидат удостоени со одговор односно ќе бидат игнорирани барем од моја страна.

Дополнување: Овие 3 дена поголемиот дел од вашите работници ќе работат со 50% бустер заради новите мисии. Наградете ги. Не дозволувајте тоа 0,19 злато што го даваат да неможат да си го подмират колку толку со платата. Дајте им по некое лепче. Мој предлог, размислете убаво.

Благодарам што прочитавте,
[MTO]Nsane Lazarov