Македонскиот РАЈХ

Day 1,130, 09:21 Published in North Macedonia North Macedonia by Gjurakis

Како илустрација на дејствијата што треба да ги превземиме као еДржава, за пример ке ја спомнеме Германија во 1938 година.

Држава разорена од претходната војна, со голема инфлација (која во моментов и се случува на еМакедонија, но никој тоа не го спомнува), уништена економија и индустрија, јаки соседи (победници од 1 Светска Војна) - економски многу појаки од Германија со поголема и подобро опремена војска.

Дали ја препознавате нашата еМакедонија во примеров?

Сите соседи се посилни од нас!
Сите соседи имаат поголема и поразвиена екномја од нашата!
Сите соседи имаат поголема и поискусна војска од нашата!

Но што направи Германија...

Индустријта се организираше, при што секој Германец придонесуваше колку што можеше.
Значи она што јас го предлагам е: СЕКОЈ еМакедонец ДА РАБОТИ со 100 проценти здравје...
Значи не со 95, не со 98 туку со 100% ЗДРАВЈЕ!!!

Втора работа.
Фирмите во Германија во потполност се ставија на располагање на државата.

Предлагам:
Во еМакедонија треба да се оформат фирми или постоечките да се организираат како ќелии во кои ќе работат сите оние што се премногу слаби за да се борат. Значи сите што имаат сила помалку од 500 и имаат ранг помал од Капетан, едноставно не прават доволно влијание на исходот од битката. Затоа тие треба само да работат, да тренираат, а да се борат САМО и САМО ако тоа од нив го бараат мисиите. Платата да ја трошат на леб. Со остатокот од парите да купуваат злато за тренирање со 50% на воениот тренинг. За возврат да им се позајмуваат тикети, оружје и слично за да можат да ги остваруваат мисиите побргу, а од време на време да им се даде и по некој златник за да тренираат со бустери.
Секој од овие работници да има во резерва барем по 20-30 денари за да може да се бори во случај на „Национална Закана“.
Национална Закана е состојба кога еМакедонија е директно нападната, односно е нападнат еден од нашите ОРИГИНАЛНИ региони (Источна, Западна и Повардарие)
Овие играчи би требало да ја сочинуваат Резервната Војска или ако повеќе сакате - ТЕРИТОРИЈАЛНАТА ОДБРАНА.

Претпоставувам дека вакви играчи се повеќе од 80%, но со резерва од 20-30 денари кај себе се сериозен противник за секој агресор.

Еве ја пресметката. Ако играч со 350-400 сила со еден удар може да направи 60 штета, со резерва од 30 денари може да купи 20 лебови по сегашна цена од 0.65 (40 здравје) односно да направи 4 удари. Неговото влијание ќе биде вкупно 4*60=240

5000 играчи помножено со 240 е 1.2 милиони инфлуенс. Доколку резервата од пари е поголема на пример 40 денари - вкупната штета (инфлуенс) се покачува на 1.5 милиони.

Овие компании или групи на играчи треба да ги поддржуваат појаките војници кои ги има околу 1000. Значи овие 1000 војници да имаат дневно по 10-15 денари повеќе за да можат активно да се борат.

Останатите 1000 играчи што имаат поголема сила и поголеми војнички чинови треба да ја сочинуваат Македонската Активна Војска која може да направи во просек 1 до 1.2 милиони штета.

Овие играчи треба секојдневно да се борат, но организирано и само по наредба на Министерството за Одбрана. значи да не се расплинуваат во 5-6 битки каде што нашите сојузници едвај ќе го почуствуваат нашето присуство, туку со претходен договор со претседателите на земјите - сојузнички, стварно да дадеме допринес таму каде што сме најпотребни. На овај начин и нашите сојузници ќе знаат што да очекуваат кога ќе ги повикаат Македонците на помош. Само во ваков случај нашата помош ќе биде ценета, добредојдена и ќе можеме сериозно да сметаме на нечија помош кога за тоа ќе дојде време.

Сметам дека Владата и Министерството за Одбрана би требало да го прочитаат текстов и ако сметаат дека предлогот е позитивен да го спроведат во стварност. Се разбира тимот на „Стратегиски Парадигми“ во секое време им стои на располагање со совет и реализација, односно изготвување на оперативните планови, документи и модели...