За еКозите и еКомшиите

Day 1,103, 03:10 Published in North Macedonia North Macedonia by Great White Ajkula

Најголемиот проблем на еМакедонецот е неговото не сфаќање на оваа игра и нејзиното поврзување со традиционалните наши вредности. За моја голема жал, наша најголема светиња е на комшијата да му умре козата. Па добро бе луѓе, кога ќе разберете дека и во реалниот живот, и овде може да ви притреба козјо млеко. И посреќни ли сте ако умрела козата? Ќе барате млекце преку свет? Ајде барем овде, во еМакедонија, да пробаме да го смените нашето мото за комшијата и козата. Ајде барем овде (а ако може и во реалниот живот) да се радуваме на успехот на нашиот комшија, сосед, муштерија, сопатник... Неговиот успех, во комбинација со неговото пријателство ќе биде и мој и Ваш успех. Да си помагаме едни со други... Shout на статијава. Кликнете Subscribe и Vote. Не давам ништо за тоа. Не трошите ни вие ништо за тоа. Само му помагате на вашиот соиграч...