Информации за еМакедонија

Day 1,065, 15:43 Published in North Macedonia North Macedonia by Drashhh_III_Makedonski


For all non Macedonian readers, please VOTE this article, these are information for our new players. Thanks

Здраво, Вие го читате весникот Тhe Macedonian Times.

Како прво сакам да им посакам добредојде на сите нови играчи, идни новинари, политичари и војници во виртуелна еМакедонија.
Основите на играта можете да ги запознаете преку следниве туторијали од нашето Министерство за Образование: - Туторијали
- За да се запознаете со државните организации препорачливо е да им пратите покана за пријател и да ги следите нивните весници.
Министерство за Економија
Министерство за Информирање
Народна Банка на Македонија
Македонски Црвен Крст
Министерство за Одбрана

Други надворешни места каде што можете да добиете информации, да разменувате мислења и да се запознаете со македонските играчи на еРепублик се:

- Нашиот официјален форум - www.emacedonia.info
- Нашиот официјален чат #eMKD (rizon.net server) брз влез #eMKD


Мои совети до новите играчи се :


- Следете ги упатствата на Туторијалите што ги изработува Министерството за Образование
- Доколку имате потреба од помош/совет обратете се до Macedonia Red Cross или до некој од поискусните во играта
- Немојте уште во почеток да се борите, одржувајте го здравјето 80-100 секојдневно.
- Собирајте злато и денари за црни денови, кои што следуваат одма по укинувањето на протекцијата од админите (45 денови)
- Зачленете се во партијата Обединете еМакедонија
- Поканете што повеќе пријатели да се регистрират на играва и да помогнат во развивањето на виртуелна Македонија
- Избегнувајте секави расправии помеѓу вас, бидете сложни и обидете се да помогнете на сите најдобро што можете
- Слушете ги советите од поискусните играчи, тоа е за ваше добро а и за добро на еМакедонија
- Помогнете преку донирање во Народната Банка и во Црвениот Крст за посилна еМакедонија
- Следете ги правилата на играта, значи играјте ФЕР и никогаш не правете илегални работи (мулти акаунти, перење пари/злато, измами итн.)
- Забавувајте се во новиот свет!


Планови и приоритети на Македонија во блиска и далечна иднина.

- Како прво моментално мораме да освоиме на конгресменските избори најмногу места што можеме, така да ќе имаме комплетна контрола врз еМакедонија и ќе се средат многу работи.
Изборите се на 25 октомври, затоа следете ги упатствата што ќе ви се дават за се да помине во најдобар ред.

- После изборите, наша цел ќе биде да се зајакне економијата во Македонија и формирање на армија (регуларна) која ќе биде чуварот на Македонија.

- На воен план, нашата цел секако ќе биде прво да се одбрани и зачува територијата на Македонија, да се помогне на нашите сојузници и на крај во поход кон Егејска Македонија.

Дополнителни информации за еМакедонија


- За тие што не се запознаени со нашите сојузници (Phoenix алијансата) еве да ви ги набројам:
Аргентина, Бразил, Бугарија, Естонија, Франција, Германија, Унгарија, Индонезија, Иран, Литванија, Холандија, Португалија, Србија, Словенија, Турција, Украина и Велика Британија.

Наши непријатели во еСветот се (EDEN алијансата) следниве земји: Австралија, Босна, Канада, Кина, Хрватска, Финска, Гејланд, Италија, Норвешка, Полска, Романија, Шпанија и Шведска.

Останатите држави се неутрални или се борат за една страна но не се официјално член на истата.

- Моментално нашава земја ја води привремен совет и привремени министри, после првите избори претседателот на земјава ќе формира свој официјален кабинет.

Оваа беше од мене до новите играчи, доколку имате прашање слободно прашајте овде сум да помогнам.

Сила и моќ преку единство! Обединета Македонија!


Благодарам

Drashhh_III_Makedonski