Македонија силно нападната, а ЛЕБОТ достигна цена од 1 денар?!

Day 1,161, 07:15 Published in North Macedonia North Macedonia by Batakinela

Ех, патриоти... Во вакво кризно време наместо цената на лебот да опадне, да може секој еМакедонец достојно да си ја брани државата, некои сe уште гледаат да си ги наполнат џебовите со пари... Еден денар најниската цена? Навистина не можам да разберам зошто толку си ја комплицираме работата! Сега се наоѓаме во една незавидна положба, ја загубивме Источна еМакедонија, со тоа и голем број играчи кои ќе можат да ја бранат Македонија, а од незнаење се борат и против еМакедонија, а сега е нападнато и Повардарието во кое се населени и најголем број еМакедонци. Не смееме да го загубиме ова парче земја, затоа мислам дека првиот чекор е намалување на цената на лебот, за сите заедно, сложно да можеме да се бориме, затоа што најверојатно немаат сите доволно пари...
**********************************************************************************************************
Ова е мојата прва објава во мојот весник... Се надевам на разбирање 🙂
Македонија на Македонците

Ќе ве замолам за Vote и Sub, доколку можете секако, не ве обврзувам, да ја видат што поголем број еМакедонци статијава.....