Цените на лебот и житото во нормала :)

Day 1,161, 02:21 Published in North Macedonia North Macedonia by Tomevski

Поздрав народе 🙂

Веќе подолго време цените на лебот и житото се преголеми, тоа го забавува развивањето на новите играчи, а во меѓувреме житарите и пекарите на големо се збогатуваат.

Јас штотуку откупив фирма за жито и ќе помогнам во враќањето на нормалните цени на лебот и житото. Житото ќе биде продавано за цена од 0.09 или помалку во зависност од потражувачката.

Доколку некој сака да помогне нека ми прате порака, а тоа би изгледало вака:
1. Доколку сакате да работите со 100 здравје секој ден и за 2-3 денари помала плата од останатите фирми, сто покасно би довело до враќање на цените во нормала!
2. Доколку има заинтересирана фирма за храна која би сакала да го откупува целото жито за пониски цени од другите, под услов лебот да го продава за пониски цени на пример: q1 леб= 0.65-0.85


Сите заинтересирани нека пратат порака 🙂
________________________________

Ова ми е прва статија и нема слики бидејки не знам како да ги ставам 😛
Ако може некој да објасни, слободно 😃