Интервју со Voix of Macedonia

Day 1,634, 11:35 Published in North Macedonia North Macedonia by VardarEgejPirinMacedonia

Кога правев интервју со него тогаш беше на почетокот и се пробиваше во овој еСвет знаев дека ќе постигне голем успех но мојте очекувања ги надмина, дефинитивно има голема харизма и дарба за пишување мојот драг пријател а вашиот омилен Voix of Macedonia.

Од каде толку голема посветеност кон играва ?
Voix of Macedonia :Кога ја направив ДБК бев многу посветен... тогаш едноставно бев по 8-10 саати на ден на играва, откако се тргнав од командант и назначив други луѓе веќе не сум ни приближно толку посветен и активен, се случува и само да влезам и да изработам, сега веќе не е така не сум тој истиот и престанав толку да се замарам кога и сите престанаа... искрено незнам дали е до админите, или пак тоа е од големите кавги кои ги имаше порано на играва меѓу нас, сепак и некоја комбинација од тие работи доведе до ова.

Зошто не се имаш кандидирано до сега за претседател, немој само изговор да ти биде дека ќе те плукале по статии и ќе немало да те сакаат ?
Voix of Macedonia :Сум сакал да се кандидирам неколку пати, но да бидам искрен, не ми е страв од плукањето, туку ми е страв од тоа да не станам роб на играва, не сакам тој месец играва да ми биде број 1 во животов и сигурен сум дека поради таа работа нема да можам да се посветам доволно добро и едноставно ќе ми се згади и самата игра 🙂
Вака е подобро кога сум од страна 🙂


Кога веќе почнав да зборам за критиките да рачистиме неколку работи, факт е дека многу се трудиш за еМакедонија и дека си дал голем придонес, но не ми е јасно зошто се нервираш на критики од играчи, како и повеќето мислам дека дури ScymeX и се отсели за кратко. Повеќе од јасно е дека оние што даваат предлози или се на функција или пак имаат остварено голем придонес во некоја област се нај критикувани. Нпротив мене критиките ме мотивираат, ако се лутел некој што ми е гајле кога јас и останатите 99% знам дека тоа што го правам е исправно ?
Voix of Macedonia :Мене во животов (вклучувајќи ја и играва) ме нервираат 2 работи: себичност и неправда. Значи немора тоа да ми се случи мене (претежно таа неправда се случува на некој друг)важно секогаш ме нервира. Тоа што го направив последниве неколку дена беше поради фактот: Нивни акаунт нивно време може да прават што сакаат. Епа ако можат тие да прават што сакаат, сакав да им покажам да видат како е кога секој од нас би правел што сака, епа да ти кажам право, повеќето не го прифатија тоа како што треба. Секогаш е подобро на некого да му покажеш во пракса како стојат работите, посебно ако е на негова кожа. На пример кога ги прцнав тие што направија 8 милиони штета за БХ, тој што беше во моментот БХ го имаше ПРЦнато на тој што беше позади него. Јас само го направив тоа што тој го направи и да види како е...

Ја формираше DBK и сега веќе не си командир, се тргна на страна од управувањето на единицата, веќе никој ништо не те прашува или ?
Voix of Macedonia :Сеуште ме прашуваат, како што кажав и погоре веќе не се трудев доволно и сакав да се тргнам малце од се... сеуште ДБК сите работат во моите тенкари и секогаш кога треба главна измена и мене ме прашуваат, само ете ја оставам единицата на луѓе на кои им верувам целосно и кои знам дека можат да ја направат и подобра.

Кажи ни како ја гледаш иднината на овој еСвет ќе се распадната ли сојузите, ќе се формираат ли нови ?
Voix of Macedonia :Според мене дури и да се распаднат сојузите (еден ден ќе дојде и до тоа) сепак тој круг на моментални најдобри пријатели што ги имаме скоро сум сигурен дека ќе остане ист, е сега работата е само како ќе се измешаат тие работи, важно со најдобрите пријатели земјите претежно сакаат да останат.

Каде ја гледаш еМакедонија во сето тоа ?
Voix of Macedonia :Како што кажав и на прашањето погоре. Сепак знам дека Македонија има силни играчи и веќе преминуваме во една од посилните земји. Кога се мотивирани нашите играчи тогаш сме незапирливи, тоа го знам и знам дека Грција долго време ќе биде под Македонско знаме.

Како треба да функционира политичкиот систем со оглед на тоа дека е уништен денес секој може да стане конгресмен, добро е што се уште се дошло така да функционира изборот за претседател,
треба ли да се измисли некој кодекс конгресмените ?

Voix of Macedonia :Јас како што се сеќавам конгресменските избори секогаш биле полни со купување гласови и за жал механизмите на играта не дозволуваат владата или било кој друг да влијае на изборите или пак на тоа што да прават конгресмените. Немаме голем избор околу тоа прашање, а за претседателските тоа зависи од бројот на жители кој го има некоја држава, значи за држава како нашата тешко е кој сака да стане претседател.

Од каде наоѓаш инспирација за пишување н а статиите ?
Voix of Macedonia :Уф тешко прашање. Не си единствен што ме прашал тоа 🙂. Искрено да ти кажам незнам. Секогаш зависи од ситуацијата, ако има ситуација и да ми дојде добра тема во главата, после пишувањето е најлесен дел. Сепак да бидам искрен незнам од кај ја имам инспирацијата.

Играш уште спортска ?
Voix of Macedonia :Хехе се сеќаваш на претходното интервју а? Мислам дека таму правевме на таа тема муабет. Тој период играв често спортска, сега да ти кажам право 1-2 пати месечно... немам среќа последно време 😁

ДБК Регрутација [VOIX]
http://www.erepublik.com/en/article/-voix-1-2032574/1/20


Сите интервјуа можете да ги погледнете тука.



Интервју со Voix of Macedonia
http://www.erepublik.com/en/article/-voix-of-macedonia1-2032194/1/20