ДБК Регрутација [VOIX]

Day 1,635, 02:58 Published in North Macedonia North Macedonia by Voix of Macedonia

Здраво Македонијо!

Нема да бидам многу долг во статијава.
Сакам да ве известам дека воената единица ДБК после долго време ќе прави регрутација.
Долг период бевме слабо активни на воено поле, но сега се реорганизираме и ќе ја враќаме старата слава на ДБК, а со тоа да помогнеме што е можно повеќе на еМакедонија.

Имаме среќа што во единица го имаме Дедо_мраз и сите лично на канал ќе знаеме кога ќе му се дигне и ќе бидеме благовремено известени за тоа кога ќе има удар! (шала).

Вака сега ќе ви ги набројам условите за да се стане почесен член на ДБК:

Потребно е да се има 5000 сила и барем минимална активност. И исто така да работите во нашите фирми за 1.5 мкд плата

Како член на ДБК вие ќе добиете:
- 6 тенка со секојдневното работење
- 7 тенка на секој удар што го организира државата


Значи да ремизирам:
Доколку сте присутни на 2 удари, тогаш за тој ден вие ќе добиете 20 тенка од страна на единицата, а доколку сте активни и на 3 удари (кои некогаш ги прави државата) тогаш ќе земете 27 тенка.

Заборавив да ви напоменам нешто важно:
Сето ова е со моменталните ресурси кои ги има еМакедонија. Значи ако се зголемат ресурсите се зголемува и рефундот! На кратко ќе бидете во можност да земате МНОГУ тенкови 🙂

Војници навалете! ДБК ве чека!!

Заинтересираните да се пријават кај:

Deda_mraz
Grand Admiral Kristijan
или
MacedoniaStrumica
Секој од нив ќе одговори на вашите прашања!