Интервју со претседателот akconel

Day 2,065, 10:10 Published in North Macedonia North Macedonia by VardarEgejPirinMacedonia

Интервју со претседателот !

Која беше потикот да се кандидираш за претседател ?
akconel :Пред официјално да се кандидирам за ЦП доста се правев пишман дали да одам за ЦП пред се не бев сигурен како ке стојам со слободно време во рл. Но сепак на крајот се кандидирав само поради тоа што во овој месец имам повеќе слободно време за разлика од други месеци.

По кој критериуми го составуваше тимот од министри ?
akconel :Тимот на министри беше составен исклучуво од желбата на играчите. Во мојата најава за кандидатура беше болдирано секој кој сака да биде дел од тимот нека се пријави и ниту еден од нив не одбив има доста нови имињња во тимот кои сакав да им помогнам за да можат во иднина да бидат од корист и на следните претседатели.

За време на твојот мандат, како ја гледаш еМакедонија ?
akconel :Го одбрав најтешкиот период да се кандидирам за цп. Секој цп се надева и сака неговиот мандат да е најдобар, најуспешен, да освојува, да блеска. Но не е секогаш како што се посакува. Наследив катастрофална ситуација во Македонија не ме загрижувааше територијалниот проблем колку финансискиот. Без пари во банка без AirStrike премногу тешка ситуација. Планирав да фармаме уште но нема да можеме. Во следниот период за неколку дена организирано ке се прават напори за да се ослободиме за да имаме конгрес. Можеби народот не ја разбира ситуацијата или несака да ја разбере но ако успееме овој месец да избориме конгрес тоа ке биде како да имаме 10 ресурси. Со ваков распоред на алиансите и силите конгресот ке биде најсветла точка овој месец.

Кој е најголемиот проблем на еМакедонија ?
akconel :Во овој момент најголем проблем во државата е непослушноста и играње на играва како да е single player а не тимска стратегиска игра која не се игра од денес за утре туку треба да се направи план и да се оди по тој план а не самоиницијативно на одредена група играчи пред се понови но искусни тролачи кои го боцкаат народот да се троши во кревање беспотребни востанија, трошење непотребна штета, наместо тие средства да се чуваат за во следниот период да не лелекаат дека немаат пари за тенкови, селење и слично кога ке се ослободуваме.

Дали има шанси да се вратат еМакедонците кој се иселија?
akconel :Некои од нив да особено мои пријатели кои се во странство би се вратиле кога ке се ослободиме а за жал повеќето не. Причината е слабата меморија. Забораваат зошто дојдовме на играва да изиграваме херои по туѓи дворови или за Македонија.

Колкави се шансите еМакедонија шанси да се придружи во друг сојуз ?
akconel :Овој период е најзначаен како за нас така и за останатите држави. Сведоци сме дека ке има промени во сојузите, благодарение на МОФА тимот кој е доста активен овој период што и беше моја цел добивам постојани информации за случувањата. Овие 2 месеци ке има тотален пресврт на играва во смисла на алиансите и најверојатно ке има поголем баланс. Што се однесува до Македонија ние секогаш сме искрени и лојални сојузници и никогаш не менуваме лесно страна и не ги забораваме пријателите кои ни помагаат. Така да остануваме цврсто во КОТ ги зајакнуваме односите со членките и заедно чекаме подобри времиња за сојузот.

Кога беше Don Tas>1, 2 претседател стално се објавуваа извештаи за тоа каде се трошат парите зошто тоа се изостави ?
akconel :Не знам зошто тоа се изостави. Тој одговор треба да се бара кај претседателите кој не објавиле отчет. Јас нема да го изоставам отчетот на крај за жал немам некој квалитетен мандат но отчетот нема да го изоставам.

Дали си задоволен од еМакедонската внатрешна политика пред се соработката со конгресот ?
akconel :Досега не наидов на никаков проблем освен на почетокот кога требаше да се состават конгрес пораките многу играчи требаше да ги чекам да ме прифатат за пријател и сеуште има некој кои не ме прифатиле. Немаше некои испади си работаат коректно и јас сум презадоволен од досегашната нивна работа се надевам дека ке завршиме со позитивни критики

Кажи ни нешто повеќе за тебе, како и од каде идеата за името ?
akconel :Амбициозен млад информатичар од Струга кој слободното време го користи за дружва со пријатели, велосипедизам, кошарка. Името не е моја идеја зошто и профилот не е мој. Кога прв пат стапнав на играва по долго инсистирање на TheBrush играв 6 мултиња истовремено се додека после месец дена не јадев бан и повторно TbeBrush беше виновен што не престанав со играва. Побарал ацц за мене од Mitko Makedonecot на кого ке му бидам вечно благодарен што ми даде можност да ја играм оваа игра и несебично ми помогна. Во една прилика го прашав што значи никот тој ми објасни дека претходно неговата жена го играла па се откажала а иметоод неговата фирма во рл што требало да ја основаат. Ја користам приликава да го поздравам и да му се заблагодарам на Mitko Makedonecot o7

Порака до читателите ?
akconel :Немојте да удирате со глава во ѕид слушајте наредби се е за доброто на Макдонија, почитувајте се меѓу себе, дружете се, помагајте си со средства ова е само виртуелно ништо повеќе, уживајте во играва стекнете рл пријателства. Играва еден ден ке згасне ама пријателстава од собиранките ке останат да траат и понатаму во рл. o7

Сите интервјуа можете да ги погледнете тука.



Интервју со претседателот akconel
http://www.erepublik.com/en/article/-akconel-2291894/1/20

Интервју со akconel
http://www.erepublik.com/en/article/-akconel-2291894/1/20