Интервју со Don Tas

Day 1,444, 10:40 Published in North Macedonia North Macedonia by VardarEgejPirinMacedonia

На крај од својот втор претседателски мандат на разговор го имаме Don Tas

Зошто не одиш на трет мандат ?
Don Tas :Доволно е. 60 дена во еРепублик е како 8 години во реалниот живот. На Македонија и треба свежа крв, нов двигател, нова енергија, нов обединител. Јас за овој период завршив со претседателствување. Се потрошив доволно, дадов многу од себе. Чуствувам дека полека и народот ќе се замори од мене – треба новина, нови лица, нов предизвик. Во еРепублик има доволно квалитетни момци и девојки што можат да продолжат онаму, каде што јас застанав.

Многу си критикуван за рефундот,како и системот на делење,кога сме кај делењето на тенкови на чет не се дели на сите,некои добиваат некои не,е мое мислење е или ти и премиерот немате контрола врз тие што делат или пак немате купено доволно тенкови за сите да добиат,па потоа имаше многу мало присуство на армискиот чет,да бидеме на чисто мене ми е јасно дека работите чесно но многу лесно можете да бидете измамени од страна на тие играчи што делат тенкови да ви кажат дека поделиле а тие си ги зеле за себе тенковите,значи имавте ли вие контрола и дали би го променил рефундот доколку би одел на трет мандат ?
Don Tas :
Прво, системот на рефундот си го одредија самите водачи на единиците. Јас во мојата предизборна кампања пред 60 дена ветив дека ќе ги викнам сите команданти на пиво во живо, за да не ми се кријат зад монитори и тастатури и мнозинската одлука ќе ја почитувам. Тоа и го сторив. На првиот ден од мојот избор се собравме повеќето од единиците и одлучивме: 42.250 мкд во пари, 30.000 мкд во тенкови.
Второ, секој ден делевме лудачки минимум по 1000 тенка на активни играчи. Тие што се жалат дека не добиле, сигурно биле неактивни. Не можам јас или премиерот или МОД-от да ги бркаме, да ги бараме за да им дадеме тенкови. Принципот беше едноставен, се собира војска на армиски, а командантите на генералштаб, ако некој не добил, нека се обрати кај командантот. Секој командант пријавуваше колку има војска и за толку добиваше.
Трето, каква злоупотреба, бре??? Бобан М толку ги малтретираше сите, што мислам дека раката ќе им ја отсечеше ако некој делачите имаше намера да „лапне“ некој тенк.
Четврто, би го сменил начинот сигурно доколку одев трет мандат. Би делел се во тенкови (околу 80.000 мкд дневно) според направена штета на една единица во битка по наредба на МОД тимот.

Твојов мандат мислам дека највеќе ќе биде запаметен по добивањето на територии и по губењето на територии на што се должи тоа,на неслушањето наредби,на слабата кординација или на нешто трето ?
Don Tas :Мојот мандат би го поделил на два дела, кога се во прашање териториите. Првите десет дена, кога бевме нападнати од Грција, Кина и Кипар и кога цел ЕДЕН пукаше против нас. Останавме само на една територија на Повардарие.Но токму тој период ме направи многу горд, губевме на сите фронтови, а никој не кажа лош збор. Сите бевме заедно, сите пукавме се што имавме – затоа што сите беа свесни дека правиме се, цела држава, максимум се што може да се направи, но едноставно против цела ЕДЕН алијанса не можевме повеќе. Но се одбранивме! Тука е вториот период од овие 50 дена, кога сме во освојувачки поход. Вративме се што може да се врати. Грција веќе 30 дена е под целосна окупација, имаме Египетски и Арапски региони, а за неколку дена ќе го држиме под окупација и Кипар. Мојот мандат ќе го завршам со 8/10 ресурси.

Како може да се подобри со односот меѓу играчите во еМакедонија ?
Don Tas :Само со позитивна енергија од страна на владата. Јас го правев тоа максимум што можев. Во моите први 30 дена сите беа мирни. Последниов период малку се разбуркаа страстите пак. Излегоа некои статии, коментари, се отворија стари рани...и доволно е пак да имаме кавги. Кога Македонија е обединета, кога сите пукаат заедно по наредби ни нема рамен. Можеме да го контролираме половина свет.

Твој коментар за случувањата со ScymeX ?
Don Tas :Скајмекс е македонскиот херој! Тој даде и премногу за Македонија овие 7-8 месеци. Никој тоа не треба да го заборави. Се надевам на негово побрзо враќање активно во играта и во нашата заедница. Скајмекс ја сака Македонија.

Што не исполни од програмата ?
Don Tas :Единствено надградбата на основниот центар за ФФ од 4-ка во 5-ка. Но при крајот на првиот мандат на двапати се обидов. Некои командантите на појаките единци ми рекоа: Не се замарај со ова, ќе ги лапнат парите и нема да има ефект. После тоа се откажав.
Некој ќе искоментира можеби и дека не направив Антикорупциска комисија. Пак ќе повторам: Не е во ред претседателот да прави Антикорупциска комисија, која треба него да го контролира. Им напишав порака на претседателите на најголемите 5 партии да го сторат тоа, а јас ке им помогнам што треба. Освен двајца – никој друг не ми одговори.


Задоволен си од твојот мандат ?
Don Tas :Кратко е времето до 60 дена за да се направи поголем напредок. Планот ми беше во вториот мандат, затоа и впрочем се кандидирав, да одиме накај Кина, но кога требаше да го нападнеме Кипар и да одиме кон Кина (во договор со братскиот Иран и Пакистан) турскиот МОФА Хелемија ни се закануваше дека Турција ќе пука против Македонија, ако тоа го сториме. Од почит кон Лазократите – најголемите пријатели на Македонија, решив да се стрпам малку. Потоа Грција ослободи неколку територии и изгубивме 10 дена за повторно бришење. И да биде иронијата поголема, истиот тој Хелемија пред десетина дена ми плачеше за да им помогнеме ним против Кипар.

Какво искуство ти донесе претседателската функција ?
Don Tas :Големо!!! Бидејќи имам искуство во политика во реалниот живот, само ќе кажам дека ништо не е поразлично во овој е-живот и во реалниот. Научив многу работи, запознав многу нови квалитетни дечки...

Што би му порачал на новиот претседател ?
Don Tas :18-20 часа на ден онлајн, доколку сака да е успешен. Ладна глава, одличен однос со сите, позитивна енергија, консултација со сојузниците и одржување на пријателствата со пријателските држави.

Спиеше редовно ?
Don Tas :Спиев како бебенце. 🙂
Се будев на секои 2 часа за да сменам Кампања на денот, за да проверам што до каде е...


Опиши ни еден твој ден,што прави претседателот ?
Don Tas :Будење во 5 наутро – проверка на битките, промена на Кампања ако треба, па пак малку спиење
Ново будење во 7 – пак контрола и заминување на работа
Од 8,30 до 18,30 постојано зиркање во комјутерот, одбегнување на состаноци надвор од канцеларија или во кафичи каде што нема интернет
19,30 доаѓање дома и до 3 наутро пак пред лаптоп
Останатите 3 или 4 часа – спиење 🙂


Кој се твојте планови за во иднина ?
Don Tas :Да се наспијам два – три дена, да искулирам малку, да се видам со пријатели од реалниот живот што ги запоставив овој период. Потоа сакам да направам своја единица од 20-тина играчи со удар од околу 3.000 – 4.000. Значи без тенкање, само со ФФ на зеднички удар да можат да мавнат 5-6 милиона инфлуенс. Македонија и е-светот имаат потреба од такви единици.
Исто така би сакал по неколку месеци Бобан М и Лавчан да ги видам во „претседателската резиденција“, а јас да им се најдам со помош, како што тие мене ми помагаа во овие 60 дена.


Благодарам на соработката ти посакувам успех во играва како и приватно,па се надевам дека за одреден период повторно ќе ни бидеш гостин за крај порачај им нешто на читателите и гледачите на Што Има Ново,нешто што не би го напишал од твојот весник или доколку немаш таква порака кажи некој еВиц ?
Don Tas :Многу вицови ми се случуваа овој период. Добивав на ден преку 100 пораки, дел од нив нефатливо смешни:
-Можеш ли да ми даде 5 енерџи барови за да допукам.
-Претседател дај 6 базуки, не ми требаат тенкови.
-Ајде да ја нападнеме Боливија.
-Дај ми 50. Му пуштам 50 мкд. Ми враќа: не бе денари, голд ми треба.
-Зошто не дигаме востание за да си го вратиме Табук (откога ги изгубивме регионите).
-Дај 2 голд за да гласам за тебе (а јас во тој момент имам 75% од гласовите)
-Пушти ми 5 експ. поени (На сите што ми бараа нешто за гласање и враќав дека им давам по 5 експ. поени).
И еден куп слични пораки, кои ќе ги извадам во некоја следна статија.