Интервју со Don Tas

Day 1,383, 02:54 Published in North Macedonia North Macedonia by VardarEgejPirinMacedonia

Беше долго време тивкиот дон но се одлучи да ја превземе најголемата одговорност да се кандидира за претседател на еМакедонија идеите и плановите денес ќе ни ги каже токму тој Don Tas.

Зошто се одлучи да се кандидираш за претседател и зошто ја одбра МРДЉС ?
Don Tas :Одлуката за кандидирање ја донесов уште во пред два три месеца кога видов дека на Македонија и треба лидер кој ќе ги обедини играчите. Се чувствувам подготвен за тоа, особено што и во мојата кандидатура најавив дека имам политичко и организациско искуство од реалниот живот. На еМакедонија и треба Претседател – обединител, кој нема да гледа кој играч каков аватар носи, туку што во главата носи. Претседател – позитивец, кој со својата енергија ќе им даде поттик на сите играчи еМакедонија да не биде поле за плукање, туку поле за конструктивни идеи и реализации.
МРДЉС ја одбрав затоа што е Партија во подем, обединувачка, со прекрасни луѓе и без „плукачки“ активности. Во принцип, ми се гади од плукање и плукачи.


Какви се реакциите и дали имаш подршка од еМакедонците ?
Don Tas :Уште првиот ден добив педестина пораки и истото се повторува секој ден. Добив многу убави предлози од играчи кои досега не се експонирале премногу и задоволен сум што добив уште една потврда на тоа во што верував кога се кандидирав: Македонија има материјал, Македонија има мудрост, Македонија има кадар кој може за кратко време да ја донесе на врвот на еРепублик.

Дали ќе излезеш од воената единица доколку станеш претседател,со што би ги одбегнал критиките дека фаворизираш одредена единица ?
Don Tas :Нема да излезам од Chaos Order, јас потекнувам од таа единица и сум премногу благодарен на сите момци и мачкици за досегашната соработка и со тоа што мене како играч (кој компјутери учел на Комадоре 64) ми помогнаа да сфатам што е тоа: „Ставај ТАГ“, „пиши ми ингејм порака“, ...
А критиките ќе ги избегнам со тоа што поделбата кон воените единиците ќе биде најтранспарентна досега, за што со мојот тим имам подготвено специјален начин на делење и начин на кој тоа секојдневно до последно пиштолче ќе биде ставено на увид на јавноста.



Бидејќи имаш петнаесет годишно политичко искуство(во реалноста)неможе а да не се забележи дека и кандидатурата за претседател која ја презентираше пред некој ден има многу слични работи од реалноста мислиш ли дека тоа е остварливо ?
Don Tas :За некои работи е кратко времето од еден месец, но затоа реков дека сакам некои проекти да започнеме, па моите наследници да ги продолжат или завршат. Сите идеи и предлози се остварливи, само треба луѓе на место да ги реализираат.

Нај интересна идеа од целата програма ми беше Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ),дефинитивно тука има многу работа за да се измислат правила за тоа кој се може да биде член и како се тоа ќе функционира ,може ли повеќе детаљи да ни кажеш во врска со ова ?
Don Tas :еМакедонија има дваестина играчи кои дале белег на играва досега. Тие заслужуваат да бидат веднаш, а понатаму и други играчи ќе се промовираат како значајни за Македонија, ќе си го добиваат своето место во Академијата. Кога Академијата ќе има повеќе од 50 заслужни граѓани, ќе можеме да кажеме дека сме успеале.

Кај војската се нафаќаш на сите членови на воени единици со државна помош да им биде надграден Tower центарот од q4 во q5 , а пак кај цивилите ќе ги организираш преку формирање на канали 1000+, 2000+ и 3000+ сила каде што на каналот емкд-арму ќе добиваат храна и оружје со квалитет во зависност од нивната сила и моменталната можност на државата,тука ќе биде ставен на тест пред се капацитетот на твојот тим , колку сте подготвени за ова ?
Don Tas :Тое е еден од проектите што треба да започне во мојот мандатат, за да им се помогне на војниците да имаат можност со ФФ да направат поголема штета, а цивилите, односно резервниот состав ни е многу битен за вкупната моќ на државата. Не за џабе, како пример ја спомнав бившата држава, каде што специјален третман се посветуваше на резервниот состав.

Намалување на даноците на палати,што значи и побогати граѓани нема да има државата финансиски проблеми со оглед на горе споменатите инвестиции ?
Don Tas :Мојот план е јасен 10-15 дена намалување на даноците за да се извлечат нефункционалните пари од трезорот. За тој период економскиот тим ќе пресмета по колку пари влегуваат во државата по однос на даноци, ако се малку ќе се подигнат даноците за онолку за колку ке ни треба да трошиме на ден и нешто да заштедуваме за „црни“ денови. Нема потреба парите да се трупаат во трезорот, а по шаути играчите да плачат за лепче.

Што ќе превземеш во врска со помирувањето помеѓу граѓаните на еМакедонија ?
Don Tas :Позитивна енергија, секојдневно информирање каде се трошат средствата, афирмирање на идејта што претходниот месец ја имаше тимот на актуелниот претседател за формирање на Комисија за спречување на корупција или незаконско и непланосто трошење на средстваа (впрочем и не е битно како ќе се нарече таа комисија, битно е да функционира). Во таа комисија ќе побарам да членуваат преставници на другите кандидати за претседатели и тие да имаат увид кога ќе побараат каде се трошени парите. Исто така таа комисија ќе има за задача да излегува со седмичен извештај.

Кој е Don Tas ?
Don Tas :Дон Тас е „човек во години“ како што би рекол Лавчан. (се смее) Имам 36 години, долго време се занимавав со политика, сега откако политчки се пензионирав посветен сум на бизнисот. Во реалниот живот менаџер сум на голема комуникациска компанија.

Од каде идеата за името ?
Don Tas :Кума ми е Миа Колучи, која ме навлече на играва. Нема поим како ник да ставам, но кога таа го виде аватарот што планирам да го поставам – моја карикатура, не баш среќно нацртана – ми рече – прав ДОН си. А ТАС ми произлезе од презимето.

Како би си се опишал себеси?
Don Tas :Стрплив, позитивен, конструктивен...

Од каде слушна за еРепаблик ?
Don Tas :Сител и првиот бејби бум.

Какво е искуството и што би променил во врска со играта ?
Don Tas :Па кога ке станам претседател веднаш ќе променам нешто: Бојата на територијата на Грција ќе стане зелена, а не гарантирам и доколку Кина ни дојде до границата дека во многу брзо време нема да зазелени и таа држава...

Кој е нај добриот момент што си го имал на еРепаблик ?
Don Tas :Кога го фатив првиот БХ, кога првпат испукав 600.000 во една битка од воената страна, а од социјалната – кога запознав во реален живот дека во играва се вклучени нормални и добри момци, со кои постојано се дружам, а па излезе и некоe реално бизнисче од сето дружење.

Какви филмови гледаш и кој ти е омилен?
Don Tas :Не бирам жанрови, само да е добар. Искрено во последно време повеќе висам пред лап топ, отколку пред телевизор

Што музика слушаш додека си на еРепаблик ?
Don Tas :Слушав еРеп радио пред два три месеци, мислам дека музика пушташе Маги Мастер, ама сега не су видел реклама за радиото, па не сум се ни вклучил

Што си во Хороскоп?
Don Tas :Јарец со три рога....

Кое е твоето хоби ?
Don Tas :Ролерки и хокеј.

Која ти е омилена боја ?
Don Tas :Немам.

Како ти помина одморот ?
Don Tas :Во Барцелона, но повеќе на следење што се слушува на Ерепублик и на брза железница, отколку на плажа.

Прашање по барање од Tiger Macedonia > Пиеш чоколадно млеко?
Don Tas :Пиев се до моментот додека влегов во Chaos Order. Кога ме регрутираа, тогашните комаданти Лавчан и Вајлдо поставуваа три прашања: дали гледаш цртани филмови, дали спиеш со розови пиџами и дали пиеш чоколадно млеко. Ако одговориш позитивно на повеќе од две прашања те регурутираат во Chaos мачките. А бидејќи обожавам цртани филмови, морав да се откажам од пиење на чоколадно млеко.

Благодарам што одвои време да одговориш на прашањата и се надевам дека следното интервју ќе биде со Претседателот Don Tas.
Don Tas :Благодарам и на вашиот интерес. Сигурен сум дека следното интервју ќе биде со претседателот Дон Тас.