Добра тактика или едноставно лоша процена - Војна ?!

Day 1,144, 00:13 Published in North Macedonia North Macedonia by Dashovski
Добра тактика или едноставно лоша процена?!
Како што кажува насловот на статијата, размислував и некако не ми се сите овци на број?!
Дали е добро што ја напаѓаме еБугарија или е само уште еден лош чекор на нашиот државен врв?!

Зошто?!Следува моето лично мислење за овој потег.
еТурција веќе подолго време војува со еГрција, имаат меѓусебно ставено природен непријател.Ние се обидувавме и успевавме да помогнеме во тие битки многу пати но можеби требаше во тој момент и ние да нападнеме.Тоа пројде, сега следува тежот период..

Дали им оставаме простор на еГрците и им одмагаме на еТурците ?
Мое лично мислење е дека доколку ја нападневме сега еГрција ќе бевме од многу поголема помош за еТурција а и плус ќе се стремевме на нашите национални интереси!!

Да го разгледаме тоа на овој начин :
еТурција и еГрција се во војна, доколку и ние ја нападневме еГрција, таа ќе неможеше да издржи два фронта.
Но што е со еБугарите?!еБугарите ќе беа лесна мета на едноставен договор со еСрбија која ќе ги прегазеше на едноставен начин.
Така да, еГрција мора или од нас или од еТурците да губат битки, еБугарите задржани и сите овци на број.
Во спротивно, со нападот на еБугарите ние стануваме лесна мета на еГрците, со тоа што еБугарите се моментално здрави за напад на изнемоштената еТурција, еГрците сеуште ги врбуваат кредитните картички со кои можат нас да не претопат и според мојата математика едноставно правиме класично самоубиство.
Но сепак јас сум оптимиста и се надевам дека грешам, а на крај краева и да изгубиме овој пат, следниот пат со дупло ќе вратиме!!
Доколку некој од поискусните играчи мисли дека моменталниот државен потег е спротивен на мојава математика, слободно нека ме убеди.

За крај, колку и да е тешко сепак е тоа што го баравме и тоа што ни требаше во една воена игра!!!Тоа е :
В О Ј Н А ! ! !

Балканските војни може да започнат!!!Да правиме еИсторија!
Среќни празници еМакедонци и еМакедонки, нека е за многу години!!!!