Предлог организација на Воена Единица [T]

Day 1,266, 10:25 Published in North Macedonia North Macedonia by TomiDam

(Забелешка: Производноста е земена за играч со Economy Skill 11)

Во овој прв број на весникот РЕКЛА-КАЗАЛА би сакал да дадам предлог за организација на една воена единица (паравоена единица или АРМ сеедно).
• Број на луѓе (или човеци): 48 војници (поради производност)
• Број и тип на фирми:
1 фирма Q5 за храна со 4 вработени
1 фирма Q5 за оружје со 4 вработени
2 житници со вкупно 20 вработени
2 рудника со вкупно 20 вработени
(Сега гледате зашто точно 48 членови).

Производноста на еден играч со економско ниво 11 е 105 леба.
4 вработени х 105 лебови = 420 лебови (консултирав мкд правопис, лебови е, а не леба, да не се збуните)
Ако секој член добие по 8 лебови (значи 80 здравје/ден), тогаш ќе се потрошат
48 члена х 8 лебови = 384 лебови
Следи => Дневна резерва на единицата = 420-384=36 лебови.

Производноста на тенкови на еден вработен е (претпоставувам, тука може да грешам) 17,5 тенкови.
4 вработени х 17,5 тенкови = 70 тенкови (повторно по проверен правопис, тенка не е множина, едноставно не е, туку е тенкови).
Секој член на единицата ќе добива по еден тенк на ден, односно дневно за резерва ќе останува:
70 тенкови – 48 членови = 22 тенкови

Резервите што на овој начин ќе се генерираат во единицата за една недела (7 дена), во случај доколку таа недела немало некоја важна борба за државата се:
7 x 36 лебови = 252 лебови
7 х 22 тенкови = 154 тенкови.

До сега сите приметивте дека секој член ќе добива само по 80 здравје на ден (ова го напишав за тие што не приметиле).

Решение во оваа ситуација би било секој член да поседува по 5 фирми (ни повеќе ни помалце), од кои 1 пекара и 4 за raw materials (од кои барем една житница- за пекарата де).
На тој начин секој ќе произведува по 105 лебови х 2 здравје (Q1 квалитет), односно ќе може да врати 210 здравје дневно (е сега за 10 здравје до 300 ќе си купите уште 5 лебчиња).
Од другите 3 фирми ќе се произведат стоки во вредност од приближно 150 мкд, кои би биле доволни за 1 тенк и 0,3 злато.

Пресметка на борбена моќ на единицата!

Во пресметките е земено дека секој член на единицата има 1.200 сила, а Military rank е Major**, а поради работењето во своите фирми, земено е дека дневно членот ќе се бори 25 пати.
10 удари со тенк х 464 influence = 4.640 influence
15 удари без тенк х 232 influence = 3.480 influence
Вкупно 8.120 influence дневно/член.
Вкупна борбена моќ на единицата за еден ден: 389.760 influence.

Забелешка: Доколку има критични битки (сите удари се со тенкови), тогаш за 25 удари единицата ќе направи 556.800 influence.

Пресметка на вложувања во единицата:

Овој дел е потешкиот. Една Q5 фирма е 380 злата, што значи за да се опреми една единица со 2 Q5 фирми и 4 за raw materials потребни се 800 злата (знам многу се, ама јбг таква е математиката).

Забелешка број 2: Во текстот не е опфатен рефундот од државата. За тоа колкав ќе биде и колку често ќе се дели си има одговорни луѓе што ќе решат, да не мудрувам сега многу во текстов.


И за крај, 24 вакви единици (вкупно 1.152 играчи), кои би дежурале по 6 единици на 4 часа, вкупно би направиле штета од:

24 единици х 389.760 influence = 9.354.240 influence/ден

Ме интересираат мислења и од други играчи, така да повелете коментирајте.

Поздрав,
ТомиДам