[ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ] Да се зголеми цената на оружјето

Day 1,184, 04:47 Published in North Macedonia North Macedonia by SasPes

Ке почнам со цената на железот од која зависи цената на оружјето.



Доколку купите железо по стандардна цена, тогаш цената за Q1 оружје грубо треба да биде 5,50 ден. (изработка + плата + заработка). Моментално цената на пазарот се движи просечно околу 3,75 ден. што би предизвикало огромна загуба.

Доколку купите железо за поевтина цена (0,05 ден.) и доколку си новопечен бизнисмен (работиш само како менаџер) тогаш моменталната цена ти одговара.

Доколку имаш фирма и за железо и за оружје тогаш можеш и да ја намалиш пазарната цена.

[ПРОБЛЕМ]
Многу од фирмите пропаднаа и пропаѓаат. Новопечените газди може ке издржат уште некој ден, но потоа и ти ке пропаднат со ваква цена.

Немање на војна исто така го стагнира пазарот.

[РЕШЕНИЕ]
Фирмите кои прават оружје, а работат само како менаџери, произведуваат мала количина на оружје, што би било занемарливо доколку сме во војна. Кај и да е ке има војна со еЈужниотСосед, со што ке се зголеми побарувачката и цените ке се стабилизираат (се надевам).

[БАРАЊЕ]
Се бара од производителите на железо да не ја намалуваат цената на железото на 0,05 ден.

Се бара од менаџерите на фабрики за оружје да вработат барем по еден работник, за да се добие реална цена на оружјето.

[МИСЛЕЊЕ]
Денеска имав малку слободно време и некои 15 мин. правев "Reload" на страната за продажба на железо. Успеав да купам железо за 0,05 и 0,01 ден. Утре можам слободно да ја намалам цената на оружјето, но то нема да го направам.

[ИЗВИНУВАЊЕ]
Му се извинувам јавно на оној што успеав да му го "украдам" желзеото за 0,01 ден.

ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА