Известување за АРМ [Мин. за Информирање]

Day 1,178, 16:55 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje


Почитувани еМакедонци,

Последниве 2 дена енергијата ми е насочена кон АРМ. Сите знаете дека за жал имавме недоразбирања. Се случија непријатни работи од кои сите загубивме. Сепак, сметам дека мора да гледаме напред и мора да сме поголеми од нашите ‘мали’ ега.

По иницијативата на Иван Ванчо Македонски – седнавме со Слајдер на канал и фино разговаравме. Заклучивме дека за доброто на еМакедонија треба да сме сложни и да ги надминеме разликите, и дека поредокот на еДржавата мора доследно да се почитува. И јас се извинувам за непокажаната доверба, сепак ни треба време да се запознаеме и да научиме да си веруваме повеќе.

Затоа до еМакедонската јавност ги доставувам овие известувања :

1. Единицата Лавови ќе продолжи да функционира како и досега, во ист состав и инфраструктура. Членовите ќе го почитуваат поредокот на еМакедонија и командата хиерархија, како што доликува.
2. За Командант на единицата го назначувам c0vece, а за Заменик Слајдер. Ваквата структура ќе се задржи до моја наредна одлука.
3. Ќе започнеме од ново, со дух на соработка и на меѓусебна почит. Најголемиот дар кој можеме да му го дадеме на непријателот е да се уништуваме самите меѓусебно. Нема победници, нема поразени – кога си подаваме рака ко браќа. Сите сме губитници кога се караме.

Мило ми е што најдовме заеднички јазик и што се договоривме. Со тек на време, ќе учиме од ваквите грешки и ќе сме посилни и помудри. Веруваме дека секој еМакедонец ќе му биде мило да види ваква демонстрација на слога, која не баш често ја има во РЛ Македонија.

Да живее Македонија!

Претседател на еМакедонија, Струмјанин.