Македонија Продолжува

Day 1,178, 16:41 Published in North Macedonia North Macedonia by Vojska SNO

Здраво народе,
Еве гледам иван почнал со муабетот за единство во Македонија. Да, точно, вчера имавме состанок. Искрено Струмјанин мора да поработи на својата искреност и соработка со соработниците, се додека криеме работи и не кажуваме се, цело време ќе се јавуваат овие проблеми. И јас никогаш не му побарав да ме врати за МоД, туку барав објаснувања наместо кои добив безвредни обвинувања и пинг понг проблеми. Од ова настана целиот проблем.Таков воопшто не смее да биде претседателот, ова е игра и треба да се игра а не да се глуми вистински живот.
Е сега што е поентата на мојава статија... Тоа е вчерашниот состанок.
На состанокот јас убаво кажав кои беа причините, зашто беа распродени залихите (и не беше лудило туку имаше причина) и се што беше поврзано со ситуацијата. Да, имавме и разговор со Струмјанин како и неколку пати наназад имавме и прилично коректен однос после она што се случи.
Беа донесени неколку одлуки, едната беше за лавовите, другата беше за нашиот однос. За Лавовите беше одредено дека тие не се растураат, туку ќе си продолжат да работат како до сега. Додека за нашиот однос беше дискутирано дека не смее да има простор за сомнежи и неискреност и мора да има меѓусебна почит. Другиот дел од овој разговор беше дека овие навреди кои ги имавме треба јавно да се повлечат. Еве јас се извинувам на Претседателот за тоа што сум го навредил во мојата статија, навредите беа напишани во афект и доза на лутина. Ова се работи кои мораат да се направат доколку сака некој единство во Македонија. И се додека се има почит помеѓу луѓето ќе има и единство, луѓето мора да се почитуваат без разлика на нивните ставови и мислења. Се надевам на уште поголема соработка. Македонија покажа дека има зрели луѓе кои се во можност да ги решат сите проблеми без разлика на тоа какви се и што се проблемите, Македонија покажа дека сеуште има толерантни луѓе спремни за разговор и компромиси.
Да живее Македонија
Да живее АРМ
Да живеат Лавовите
Да живеат Македонците

Искрено ваш Слајдер.