Прашања и одговори за економијата [ Претседател ]

Day 1,183, 17:17 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Ова ‘интервју’ е базирано на принципот FAQ (frequently asked questions) во кое ќе се обидам да разјаснам неколку работи пред се на помладите играчи.

Голем дел од еМакедонската популација е млада. Механизмите на економскиот модул се доволно нејасни за да ги збунат и постарите, а камоли помладите играчи. Затоа, му се обраќам на имагинарен просечен играч од 10 ниво. Сепак, верувам дека и многу постари ќе најдат нешто корисно во текстов.


Младиот играч 10то ниво поставува прашања...


1. Претседателе, каде можам да видам колку пари има државата еМакедонија во моментот?

Секогаш кога сакаш да го дознаеш тоа – користи два извора: Country Account и Народна Банка на Македонија. На тие две сметки се лоцирани главнината од државните пари.

http://www.erepublik.com/en/country/economy/Republic-of-Macedonia-FYROM

http://economy.erepublik.com/en/accounts/1986446


2. Како доаѓаат тие средства таму?

еДржавата собира даноци. Собраните пари прво се појавуваат на Country Account. Потоа, Собранието има право да ги префрли / донира на Народна Банка. Таков закон може да предложи само пратеник, не и јас. Исто, само пратеник може да предложи закон за промена на даноците. Штом се насоберат доволно средства на Country Account – истите треба да се префлат на Народна Банка...

3. А зошто?

Само од сметката на Народна можеме да ги користиме парите понатаму, не и директно од Country Account. И додатно, кога се брише некоја земја, една третина од парите на Country Account оди кај земјата поробувач. Затоа не е паметно таму да се чуваат пари, туку во Народна Банка.

4. Колку дневно даноци собираме?

Ако ја следиш самиот Country Account – можеш да увидеш како се менува. Даноците варираат од ден во ден. Во последно време дневно собираме од 12.000 – 15.000 МКД. Кога имавме војна – собиравме и повеќе.

5. Колку од тие пари се трошат?

За да знаеме колку треба да трошиме, треба да имаме референтна точка. Таа точка е моментот пред војната кога на сметката на Народна Банка имавме околу 380.000 МКД. Тие денари се пуштени во оптек и сега постепено си ги враќаме во државната каса и се трудиме да ги вратиме за да го стабилизираме дополнително курсот на денарот. Значи, додека да дојдеме барем до таа точка од приближно 350.000 МКД во касата, ние ќе водиме политика на ШТЕДЕЊЕ.

Ние имаме дневни расходи за државните фирми (од кои си правиме залихи во оружје) и исто така за фирмите на Армијата. Тие расходи дневно се приближно околу 4.000 МКД. Даваме пари и за Црвен Крст и за Сојузи, но тоа се помали пари.

6. Значи остануваат уште 10тина илјади дневно од тоа што се собира?

Да, и тие си остануваат на државната каса додека не се вратиме на над 350.000 МКД.

7. Колку денари воопшто се испечатени?

Не знам точно, мојата проценка е некаде околу 700.000 МКД. Тука може и двајцата да го прашаме ЛазаросаМКД бидејќи тој сигурно подобро знае и од мене 🙂

8. Како е рангиран македонскиот ДЕНАР наспроти другите светски валути?

Нашиот денар е меѓу најсилните валути во светот. Засега успеваме да го одржиме на високо ниво, ќе видиме во кој правец ќе продолжат промените во економскиот модул. Ова е така и покрај фактот што администраторите постојано интервенираат и дофрлаат нови денари во економијата. Се додека тие продожат со вакви интервенции – сите монетарни пазари ќе бидат нестабилни.

9. Млад бев кога се приклучив, ама ко да се сеќавам дека ти вети 70% од даноците да одат за армијата?

Убаво се сеќаваш. 🙂 Идеално, толку треба да се посветува на Армијата и јас би сакал да можам толку да одвојувам за Армијата. Меѓутоа, приморани сме да штедиме и ако не штедиме и ги пуштаме тие 70% секојдневно назад, ќе си ја сечеме гранката на која седиме и ќе го слабееме курсот на денарот. Важно, на Лавовите и на Тигрите им се обезбедува да имаат организирани удари речиси секојдневно и со тоа да напреднуваат војниците. Штедењето не ги засегнува овие единици, туку не ни дозволува да ја шириме АРМ во моментов и со други единици. Јас можам да се расфрлам со државни пари и така да си купувам популарност, но тоа би било крајно неодговорно и јас такво нешто нема да направам. Знам дека не е популарно да се штеди – но мораме.

10. Кога сме веќе кај Армијата, дали се даваат бустери на војниците?

За да се даваат бустери – треба да има прилив на злато. еМакедонија во моментот нема таков прилив. Што се правело порано? Еден период се давало злато за бустери (кога имавме злато). Исто така, постоела една лоша навика да им се даваат на војниците денари, а тие после да си купат злато за бустер од монетарниот пазар. Тоа е катастрофално решение бидејќи така организирано си го рушиме курсот на денарот. Сам себе го убијал. Значи војниците може да напреднуваат преку организирани удари, но (во моментот) не и преку бустери. Немаме злато за тоа.

11. Кој е креатор на моменталнава економска политика?

Министерот за економија Кракер4е и јас. Но политичката одговорност е целосно моја бидејќи јас го назначувам министерот. И двајцата сме убедени дека во моментов мора да се штеди.

Благодарам за интервјуто!

Фала и на тебе, млад си ама ќе те биде, интелигентни прашања поставуваш! 😉

Оваа статија се однесува на помладите играчи. Сe замолуваат сите присутни Доктори на економски науки да се изјаснат со аргументи доколку не се сложуваат со моменталната политика на Владата. Со задоволство ќе бидат ислушани 🙂

Со почит,
Струмјанин