[Don Tas] Ајде уште еднаш да ја избришеме Грција

Day 1,430, 06:14 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija

Горди МАКЕДОНЦИ!!!



Помина првата половина од мојот втор мандат. Ситуацијата не е така сјајна како што очекував и како што планирав. Требаше веќе да бидеме доле во Арабија, но еве цело време тапкаме во место. Но без очајување, и претходниот месец беше вака во првите 15 дена. Дури и полошо - го браневме последниот регион. Сега барем ги имаме нашите и плус неколку грчки територии. Но она што загрижува е се поголемата незаинтересираност на дел од играчите. Јас сум свесен дека на повеќето од вас преку таквото ви е оваа војна со Грците. И мене веќе пет месеци денот ми е ист: Кога ќе ја нападнеме Грција, кога ќе не нападнат, кое востание ќе го браниме. Монотонија не утепа сите.
Затоа пред неколку дена, во консултација и со одборение од академиците, поранешните претседатели и мофи и водачите на најсилните воени единици се обидов да направам маневар да одиме пак доле во Египет и во Арабија за да го префрлиме и главниот град доле. Затоа и беше пуштен НЕ законот кон Кипар. Не ни беше целта да го освоиме Кипар, туку преку него да пројдеме кон Африка.
Идејата не успеа!
Но она што плус не иритира е и односот на Плато кон Македонија. Прво во два наврати на Грците, иако немаа граница со нас им остави бонус од НЕ, а потоа нам 3 дена не ни дозволи да пуштиме НЕ на Грција. Во тие три дена Грција си поврати 4 територии.

Од денеска вртиме нов лист!!!
- Секој ден ќе има по 2 состаноци на генералштаб. Едниот утрински каде што ќе договараме приоритети за денските битки и еден вечерен. Состаноците ќе ги водам јас заедно со по еден преставник на воена единица.
- Ќе се договориме за нов начин на рефунд кој ќе ги мотивира војниците да маваат за Македонија. (Утрово имаше случај на 2 добиени рудни во Атика и на водство во 3-тата да ни ја свртат на крај, додека 3 наши војници истовремено со по 500-600к ловеа БХ за Перу, Саудиска Арабија и Украина, а барем уште десетина беа во топ 5 на други битки)
- Ќе има казни, но и награди кои ќе се изрекуваат на состаноците на генералштаб од мнозинството команданти.
- Освежување на МОД тимот.
- Повторно активирање на армискиот канал со дежурства на команданти
- Дооформување на Фалангата со одредување на 2 термина во денот за удирање
- Ќе формираме базука канал. Секој што има базуки и ќе ги испука по наредба ќе добие во компензација тенкови од државата

Од вас барам да се стегнеме сите во наредните 5-6 дена, да ја избришеме повторно Грција и таа војна да ја оставиме зад нас. Да одиме кон Египетските и Арапските територии, да се осигураме таму со ресурси, да го префрлиме главниот град доле и да размислуваме за поход кон Исток. Видете зошто Србија, Полска и Турција се јаки држави, со многу ресурси со стабилен монетарен маркет. Затоа што се шират насекаде. Ние со војната со Грција - се затупевме. Не велам дека треба да потпишеме било каков мир со нив. Идејата ми е едноставно да ги игнорираме. Им покажавме дека сме појаки од нив, ги избришавме којзнае колку пати. И пак ќе ги избришеме. Но да одиме напред!
Да ја направиме играта интересна.

До крајот на мојот мандат ќе го реализирам долго најавуваниот бејби бум. Веќе договорив повеќе медиуми од следниот понеделник да помогнат. Мојата идеја за привлекување на нови играчи да одиме со мотото ДА СЕ ИЗБОРИМЕ ЗА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА. Ако некој има идеја за попривлечни наслови нека пише слободно во коментар!

Македонци, Лавови, наследници на Александар
Уште еднаш ве повикувам сите заедно во следните 5-6 дена да ја избришеме Грција повторно. Послаби се од нас. Многу послаби. Не се ниту организирани. Да не им е помошта од Хрватите нема да успеат ниту 45% да го држат зидот. Но вие сте покажале дека можеме и против тенкањето на цел ЕДЕН. Да ја покажеме уште еднаш македонската сила и инает.

Да живее Македонската Империја
Да живее Македонската гордост
Да живее Македонија



Дон Тас
Претседател на еМакедонија