Прав момент за ГОЛЕМИ нешта! [VOIX]

Day 1,428, 12:34 Published in North Macedonia North Macedonia by Voix of Macedonia

Драги Македонци и Македонки!

Како вчера да беше периодот кога неможевме да се одбраниме од Бугарија која не тепаше со половина од својата сила!

Како вчера да беше кога после неколку месеци по млатењето од страна на Бугарите, ние станавме светска сила и ја освоивме Грција!

Како вчера да беше кога на армиски канал имаше по 500 души!

Убави времиња беа тие... времиња на непобедливост!
После тоа некако играва стана монотона, не се случуваат нови работи, некако се е исто!
Сепак Плато покажа дека играва во брзо време ќе се тргне од нејзината монотонија! Ја додава Албанија!
Дали ние сакаме да го признаеме тоа или не тоа ново додавање на нова држава во играва ќе доведе до нови предизвици, ќе доведе до нови искушенија и нови победи... или порази! СЕГА Е ПРАВИОТ МОМЕНТ ЗА ГОЛЕМИ НЕШТА!

Baby Boom!

Најважниот извор на свежа крв во една еДржава.
Нам ни е потребна таа свежа крв. Време е за најголемиот Бејби бум до сега, затоа што сега итоа како ќе ни биде потребен.


Откако беше објавено дека ќе се додава Косово, Србија има скоро 5000 нови играчи!


Грција има скоро 2000 нови играчи! И кај нив имаше бејби боом!

Мислите дека Албанија ќе има малце жители?? Ако го мислите тоа мноогу се лажете! Тие ќе имаат огромен бејби боом!

Потребен ни е нам тој бејби бум! Потребен ни е сега! Имаме начин како да ги измамиме новите играчи да се приклучат! Ја имаме Грција, Ја имаме Албанија, Ја имаме Бугарија!! Сега е вистински момент да фатиме трага со нашите соседи и да се искачиме и да имаме повеќе нови жители кои во иднина ќе станат наши моќни војници!

Повикајте ги вашите пријатели и роднини да се приклучат!

Проблемот е само првиот месец да не се откажат! Ако убаво им објасните како се игра играва, лесно ќе им влезе под кожа, посебно ако сакаат да тепаат Албанци, Грци или Бугари. “Посвојте ги“ додека се појачаат доволно за да можат да се јакнат и сами и ние другите ќе им помагаме, само ваше е да ги викнете! Па секој од нас да повика барем еден пријател/роднина во играва ќе ни се дуплира бројот и ќе станеме дупло посилни!

Телевизија, веб страни!

Сарметина сега е на ред да покажеш тоа што најдобро го правиш! Подготви ни нов бејби бум, доколку ти треба текст со кој би се повикувале нови играчи ќе ти помогнам јас лично! Тие што имате контакти на idividi, kajgana, tocka, motika... Активирајте ги нека пуштат текст за играва (исто доколку ви треба помош околу текстот тука сум)!

ОВОЈ МОМЕНТ МОРА ДА СЕ ИСКОРИСТИ! ДА ФАТИМЕ ТРАГА СО ДРУГИТЕ НАШИ СОСЕДИ И ДА НЕ ЗАОСТАНУВАМЕ ПОЗАДИ! ВРЕМЕ Е ЗА БЕЈБИ БУМ!