Мое видување на состојбите во еМакедонија

Day 1,238, 05:36 Published in North Macedonia North Macedonia by Moon Patrol

Поздрав до сите еМакедонци и сите наши пријатели во овој еСвет.

Решив да отворам весник и да си кажувам своите мислења со цел ако може да придонесам да оваа наша еМакедонија биде поуспешна и поценета.

Па ако сакате да ги следите моите мислења слободно претплатете (subscribe) се и гласајте(vote) ако се согласувате со мене и моите ставови.

Тука работите се многу полесни за разлика од реалниот живот , но и тука постојат истите проблеми, неусогласености и желба за власт и сила.Незнам дали некој навистина има некаква реална финансиска корист од оваа игра (освен нејзините креатори) , но сепак ова треба да се свати како игра.
Во последно време гледам дека наоколу се шират закани за живот, закани за тужби и што ли уште не.Па дај малку олабавете луѓе.
Нашиот македонски синдром на постојано „самозаебување“ постои и тука во овој виртуален еСвет.Навистина работата на Струмјанин како претседател вроди со плод,бидејќи се проширивме и сме посилни. Но сепак и работата на претходните претседатели не им беше лесна од аспект на воздигање на еМакедонија од нула, правење реклами по телевизии за да имаме бејби-бумови, информирање на населението,организирање и слично.И сегашниот претседател можеби дојде во незгодно време на функција,но засега уште неможам да кажам дали добро или лошо ја води државава.Има мали киксови ,но не се страшни според мене.
Мене ме нервира тоа што и тука немаме слога и организираност,па и координираност.Тука пак најодговорни се сегашната еВлада и претседателот,но и ние другите не им ја олеснуваме работата.Јас не сум член на никоја политичка партија ни тука во ерепублик ,ниту пак во реалниот свет,но најмногу што ме нервира е тоа што секогаш ги слушаме другите,прво се договараме со другите (во овој случај ОНЕ сојузот) , а претходно се немаме измеѓу нас самите договорено и одлучено кои се наши интереси,ај да кажам ЦРВЕНИ ЛИНИИ до каде може да одиме и кои се нашите приоритети како еДржава кои мора да и одржуваме без разлика со кого сме и какви сме.Така е и во реалниот свет.Секој човек си има свои приоритети во животот кон кои се придржува,па исто и државата треба да има свои приоритети т.е. национални цели кон кои се стреми.
Тоа е мојот совет односно да прво ние измеѓу нас се договараме,а потоа да одиме на договор со другите со претходно одлучени цели.Нормално во секој сојуз има и попуштање или компромис со другите,но ако цврсто ги почитуваме нашите договори и ако сме цврсти во нашите односи кон другите и при тоа секогаш им помагаме на нашите сојузници кога им треба помош,тогаш мислам дека и нашиот кредибилитет како држава во еСветот ќе биде поголем и ќе сме попочитувани.
Само НАЦИОНАЛЕН ДОГОВОР И СЛОГА меѓу нас ќе ни овозможат да бидеме една од најјаките држави во овој еСвет.
Можеби за мене е лесно да зборувам бидејќи не сум во кожа на сегашните власти,но ова е само мое мислење.
Нека ни е вечна Македонија и еМакедонија.