[toiletNEWS] Поврзување региони

Day 1,238, 05:22 Published in North Macedonia North Macedonia by Banned333


Пак криза со регионите.. Италија џабе ја имаме цела, Бугарија ја поделивме ама не како што треба, сега и Франција ќе ја напаѓаме без никаков ќар од сето тоа..



Успеавме да ја избришеме цела Италија. Одевме преку Србија, преку Црна Гора, и во долга но лесно војна им ги земавме сите региони.. После почнав да ја делиме со Словенија, ни земаа еден регион во востание, ама тоа не е битно, бидејќи 20-ина региони кои храбро ги освоивме не ни дадоа буквално ништо. За жал, нема начин да се поврземе, бидејќи би требало да земеме огромен број на територии од сојузниците, што нормално не се исплати..



На ред доаѓа Бугарија. После изгубен напад и успешна одбрана успеавме да ја освоиме Софија, па по неа и Видин, но не ми се допаѓа распределеноста на регионите. И мислам дека не сум единствен. Веројатно нормално ќе беше секој да земе по два поврзани региони со што Македонија, Србија и Турција би имале корист од сето ова. Дојде Унгарија што дојде, а ние со нашето освојување ги запревме бонусите на Србите. Што ќе се прави сега не знам, ама во секој случај мора нешто да се превземе и да се направат некои рокади.



Сега сакаме да напаѓаме во Франција. Очигледно ни удри славата во глава. 🙂 Секако, војна со Франција е уште понекорисна од таа со Италија, во која барем на почетокот не важеше правилото за поврзани региони. А и Франција е скоро готова, ја поделија Шпанија и Полска, сега доаѓа и Словенија, не знам што ќе бараме ние ама тоа е на татковците од конгресот да решат, па се надеваме дека од оваа одлука ќе имаме некоја добивка, ако не директно, барем индиректно преку сојузниците.



Засега, барем да си ги одржиме сегашните региони и редовно да им помагаме на сојузниците, посебно на Турција и Иран во Бугарија.

Ваш,

Banned333