[ МНФ ] МНФ ќе го подржи Strumjanin за претседател на еМакедонија

Day 1,169, 18:42 Published in North Macedonia North Macedonia by Boris Sarafoff

Почитувани соиграчи,
МНФ е нова партија во еМакедонија, но партија која покажа дека има сериозен капацитет.
Нашата намера е да бидеме силна и сериозна, но во исто време и конструктивна политичка партија.
Нашата цел не е да плукаме, навредуваме, да бидеме арогантни или нетолерантни. Нашата цел е еМакедонија да биде успешна држава.

После неколку дена под окупација и после неколку мачни денови, сите ние свативме дека состојбата во еМакедонија не е розова како што некои претходни и сегашни функционери не убедуваа.
Видовме многу недостатоци, но видовме и многу херои во битките.
Да не беше желбата на граѓаните да се ослободиме, државата сама не знам колку ќе успееше.

Имаше многу обвинувања за многу играчи. Ние нема да навлегуваме во тоа. Не сакаме дополнително да одмогнеме.

Овие денови се соочивме со многу значајна одлука и за еМакедонија и за МНФ. Тоа беше одлуката дали ќе одиме со сопствен кандидат за претседател на еМакедонија или ќе го подржиме кандидатот Strumjanin.
Во анализата имаше многу аргументи за едната варијанта (партиски интерес, јакнење и брендирање на партијата, докажана состојба за проблемите во ОеМ, слаба организација на државата, добра политичка програма на МНФ,...), но имаше и многу аргументи за втората варијанта (желбата за постигнување на национално единство во тешки моменти, борбата за ослободување на територијата на еМакедонија, фактот дека кандидатот Strumjanin доволно добро ја вршеше функцијата премиер, неговиот различен пристап кон соиграчите во споредба со претходните раководители на ОеМ, солидната програма,...)

Морам да известам дека имавме и кратки, но содржајни разговори со Strumjanin, во кои тој сосема сериозно ни ги објасни своите намери, а ние од МНФ му ги објаснивме нашите принципи кои се услов за подршката од страна на МНФ на неговата кандидатура.

Принципите на МНФ, кои му ги понудивме на Strumjanin се:
1. Подршка на плурализмот, демократијата и фер односот помеѓу партиите
2. Силни инвестиции и реформа во функционирањето на АРМ
3. Формирање на Генералштаб на АРМ
4. Обид за воспоставување на единство на воените сили на еМакедонија
5. Принцип на отчетност во работата со државните средства и финансии
6. Пишување Устав на еМакедонија
7. Зајакнување на Министерствата за надворешни работи и здравство
8. Зголемување на обемот на државни резерви
9. Почитување на сите соиграчи
10. Еднаков пристап кон сите играчи, без разлика на нивната припадност во одредена партија или одредена воена/паравоена единица

Овие се принципи од кои МНФ никогаш нема да отстапи. Овие се принципи кои секогаш ќе бидат наш приоритет.

На овие избори се одлучивме да му дадеме предност на државниот интерес.
Се надеваме дека тоа ќе биде ценето од страна на сите останати.

За возврат, нема да бараме функции во новата Влада. Ќе бараме посветена работа за еМакедонија. Ако во одреден момент, забележиме нешто што ќе не потсетува на досегашните владеења, ние сме спремни веднаш да ја повлечеме нашата подршка.

Нема без причини да критикуваме, но нема ниту без причини да фалиме.

Нека му е честит изборот на Strumjanin. Нека знае дека превзема тешка обврска на себе.

Да живее МНФ !!!
Да живее еМакедонија !!!