[ S T R ] КАНДИДАТУРА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ

Day 1,168, 07:59 Published in North Macedonia North Macedonia by Strumjanin



Почитувани еМакедонци,



ми претставува чест да Ви ја најавам мојата кандидатура за Претседател на еМакедонија.


еЛична карта: во играва сум присутен 3 месеци и една недела, и сум едно од бебињата на првиот бејби бум на Сител. Активно играм од првиот ден и имам посветено многу време на еМакедонија што најдобро се гледаа преку моето присуство на еМакедонскиот медиумски простор. Вo реалниот живот сум на 30 год возраст и работам на моите постдипломски студии.


Денеска ви ја претставувам првата половина од мојата кандидатура: Основни цели и Принципи. Вториот дел од мојата презентација ќе следува ден пред изборите кога ќе го претставам мојот поширок тим за идната еМакедонска администрација. Оставам луѓето најнапред јавно да ги видат моите идеи и предлози, за кога ќе им пристапам – да знаат за што се залагам и дали се согласуваат со мене.


Мојот мандат ќе има три приоритети:



1. ДА ВЛАДЕАТ ЗАКОНИТЕ, А НЕ ПОЕДИНЦИ


Бидејќи во моментот немаме ред и правила, доаѓа до своеволие на поединци и тоа од останатите се доживува како неправда. Затоа имаме и револт, и како последица настануваат кавги! Ако не поставиме правила на игра, сигурен сум дека кавгите ќе продолжат и ќе се интензивираат и сами ќе си ја расипеме играта. Мора да пресечеме !

Затоа:

- Ќе биде донесен Устав – едноставнен, но функционален! Идејата пред неколку дена ја покрена Унитед, пред неколку недели Васил Чакаларов, пред три месеци ја предложив и јас, (и ниту еден од нас не измисли топла вода, честа за тоа му припаѓа на Хамураби (види Википедија).

- Ќе биде донесен Правилник на Армијата. Да се знае прецизно како се даваат и извршуваат наредбите, како се дели армискиот буџет, како се поднесуваат јавни извештаи. Да се одредат и дисциплински мерки бидејќи армијата се заснова на ред и дисциплина. Сите поединости за функционирањето на Армијата ќе бидат ставени црно на бело. Со тоа, Армијата ќе се оддели од политиката! Нема да има мешање на политички цели и армиски приоритети. Армијата припаѓа на цела еМакедонија и на ниту еден поединец или политичар!

- Ќе биде донесен Правилник за работа на Владата на еМакедонија. Така ќе се прецизираат одговорносите на секој нејзин член и на секое Министерство. Ќе се одреди минимумот на активности под кој ниедно Министерство не смее да падне. Истотака, ќе се донесат правила за распределба на буџетот.

- Ќе биде ревидиран и засилен постоечкиот Правилник за чатот (каналот еМКД). И таму мора да постои ред. Тоа е место за дружење и забава, а не за навреди, вулгарности и пцости.


Ова се темелите на секоја држава – виртуелна или реална. Ние имаме лошо искуство бидејќи во реалноста во Македонија не владеат законите, туку поединци (по ‘принципот’ – Слези Мурто, да се качи Курто). Тука ќе направиме обид ДА НЕ БИДE ТАКА! За тоа не е доволно само моето залагање туку ми треба поддршка и решеност од сите вас. Барем виртуелнава Македонија да има закони ко што треба и да служи за пример. Ве повикувам да изградиме таква еМакедонија заедно!


2. ОТЧЕТНОСТ


Примерот ќе го дадам јас самиот. Јас ќе давам детален отчет пред Вас еНародот, секој Министер ќе дава отчет пред мене, Армијата ќе дава отчет пред мене, а јас јавно ќе ги сносам одговорностите за сите постапки на Владата.

Кој ќе работи добро – ќе го пофалам јавно и нема да се китам со неговиот труд. И ќе го наградам со мала, но симболична награда. Кој забушава (а претходно ветил дека ќе работи) – јавно ќе го истакнам пред сите и ќе му се заблагодарам за досегашните услуги кои повеќе нема да ми требаат.

Затоа, ако немате време да се посветите, кажете ми искрено однапред што можам да очекувам од секој кој ќе ми се придружи и ќе немаме проблеми.


Конкретни мерки:


- По доаѓањето на позицијата, најнапред ќе изработам детален инвентар/листа на организации и фирми кои ги поседува државата. Ќе направам пресек што и колку поседува еМакедонија и на кои сметки. Сето тоа ќе го образложам во Јавен Извештај, за да имам референтна точка од моментот на превземање на власта (еден дел од сметките и фирмите кои се водат како државни тајни нема да можам да ги објавам заради разбирливи причини). Ист такoв Извештај ќе дадам на крајот од мојот мандат, со цел да се види што е направено.

- Ќе одредиме минимум на број на објавени статии од мене и од секое Министерство. Така граѓаните постојано ќе бидат во тек и информирани за се што се случува.
Значи, отчетност од мене, отчетност од Министрите, отчетност од Конресмените (види пример).



3. ИНВЕСТИЦИИ ВО АРМИЈАТА


Од 70 до 80% од буџетот ќе биде посветен на Армијата. Дебатата како да ја прошириме и унифицираме Армијата (вклучувајќи ги сите воени единици) ја започнав пред два дена. Таа е уште отворена и ќе трае се додека не се изнајдат соодветни решенија, но нема да биде вечна дебата. Ќе бидат донесени конкретни мерки.


Апсолутен приоритет е да се изгради масовна армија, но во склад колку што буџетот ќе ни дозволи. Прецизниот начин како ќе се организира Армијата ќе биде предложен во наредните денови.


Почитувани, ова е првиот дел од мојата кандидатура. Вториот ќе биде објавен пред изборите и во него ќе се дадат конкретни имиња и проекти за економијата и нејзиниот развој. Најнапред сакав да Ви ги изложам основните принципи врз кои ќе се гради мојот мандат.


Се претставувам како кандидат кој е против и над поделбите. Барам поддршка од сите партии и од сите воени организации. Јас не се профилирам како припадник на едни или други. Јас гледам околу себе способни луѓе спремни да и помогнат на еМакедонија и не ми паѓа на крај памет да ги прашам кој од која партија е или од која воена единица. Сепак, ако некои играчи како група досега не им било дадено шанса да се докажат – јас ќе им ја дадам таа шанса. Отворен сум ако некоја од помалите партии сака да ги стави своите идеи во пракса, да им доделам Министерство и преку работата во него да покажат дека и тие се способни и вредни. Тука не сме за да лечиме комплекси – тука сме за да придонесеме за еМакедонија!


По однос на надворешната политика – ние сме на јасно - Србија. И сите нивни сојузници се и наши сојузници. Наскоро ќе сме дел од најмоќниот сојуз во оформување – NWO. Исто така и Министерството за Надворешни редовно ќе информира за сите светски збиднувања и преговори, за да Ви го доближи истите и да знаете што да очекувате.


Ќе оформам голем тим за државна администрација. Сите заинтересирани ги замолувам да се пријават тука!. Сепак, за да можам добро да го менаџирам тој тим, истиот нема да може да биде премасовен од практични причини. Сепак, сите желни за екстра активност, Ве охрабрувам да се пријавите.


Сите предлози се добредојдени! Добронаметните критики уште повеќе!!! Повеќе глави размислуваат подобро од една и нормално е да има идеи и подобри од предложениве. Повелете контактирајте ме и пријавете се на формуларот.


Поздрав од Струмјанин.

МнМ