Субвенции

Day 1,616, 03:00 Published in North Macedonia Italy by Mlster X

Здраво Македонијо!

Гледам како одат работите и мислам дека мора што поскоро да се реагира.
Државата мора што поскоро да воведе мерки за субвенционирање на домашното производство. Овака не бива.
Ќе имаме одлив на нашите лебари и тенкари во странство, во земјите со 10/10 ресурси со земање на нивно државјанство, а оние кои што сакаат да останат овде ќе бидат во се потешка и потешка состојба.
Еден момент за влошувањето на состојбата е одливот фабрики, вториот момент е шверцот.
Верувајте не се бори исто за сопствената држава оној кој е тука, и кој му зависи производството од тоа колку ресурси има, со некој кој е надвор.
Тие што се надвор и така и така имаат 10 од 10. Чест на исклучоците, но исклучоци има се помалце.

Со субвенциите ќе ги задржиме нашите тенкари и лебари во МК. Ќе се зголемат платите, и ќе се зголемат приходите на производителите.
Некој ќе праша како да се знае кој да се субвенционира? Ќе се субвенционира секој кој вработува.

Можеби некој ќе му светне идејата да мами, но и тоа може да се реши. Ќе ја стави својата тенкара или лебара на маркет, со што државата ќе има увид дека таа фабрика навистина постои и вработува.

Мораме сами да си ја штитиме економијата, затоа што никој друг нема да не заштити.

Против идејава сигурно ќе протестираат сите шверцери и евентуално оние кои се надвор а продаваат на нашиот пазар, но што со оние кои сакаат да си го задржат државјанството?

Додека не најдеме друго и подобро решение, да направиме барем тоа што може да се направи.

Шаутирајте за што повеќе да видат, и по еден S + V на весников.

За шаут:
Субвенции
http://www.erepublik.com/en/article/-1-2015037/1/20